Вучиќ – Јункер: Србија сака во ЕУ, но и добри односи со останатите


Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Брисел, изјави дека Србија сака членство во Европската унија, но дека на европскиот пат ќе гради добри односи и со другите, додавајќи дека Србија е суверена држава и така ќе се однесува. – Ќе […]

Дендиас: Заев ги искористува проблемите што ги содржи Договорот од Преспа


Господинот Заев уште еднаш ги искористи проблемите што ги содржи  Договорот од Преспа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во однос на интервјуто на премиерот на Северна Македонија. Во писмената изјава објавена од неговата политичка канцеларија, шефот на грчката дипломатија вели дека Грција има за цел преку европскиот пат да ги реши […]

Мицотакис: Грција со постапки докажува дека е столб на стабилност, безбедност и раст


Во турбулентна средина, Грција, не со зборови туку со постапките докажува дека е столб на стабилност, безбедност и раст, изјави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на Четвртиот ЕУ-Арапски светски самит што денеска почна во Атина. Мицотакис наведе дека земјата по десетгодишна криза и интровертност повторно е присутна на меѓународната сцена со улогата што […]

Во Словенија првпат мажите го надминаа бројот на жените


– Бројот на мажи, во првата половина на 2019 година, првпат во 160-годишната историја на статистиката на населението во Словенија, го надмина бројот на жени, соопшти Бирото за статистика на таа земја. Во вкупното население на Словенија, вклучително и странци, евидентирани на 1 јули годинава, имало 1.045.835 мажи и 1.043.475 жени, пренесува словенечката агенција СТА. […]

Два турски борбени авиона влегоа во воздушниот простор на Грција


Турски борбени авиони Ф-16 влегоа денеска во грчкиот воздушен простор без дозвола, соопшти Генералштабот на армијата на Грција. Тие попладнево летале над островот Липси, на височина од околу 24.000 стапки. Како што се наведува, биле пресретнати од грчки воени авиони според меѓународните стандарди.

Продолжуваат протестите во Хрватска, можни се и предвремени избори


Во Хрватска веќе 14. ден трае штрајкот во образованието, па и денеска нема да има настава во училиштата во Градот Загреб и во Дубровничко-неретванската жупанија. Штрајкот продолжува, со оглед на тоа дека Владата ниту вчера, на преговорите со синдикатите за основицата за државна и јавна служба не понуди термин за состанок за коефициенти. Синдикатот за […]

На границата со БиХ поставени плакати кои ја критикуваат Хрватска


Хрватската иницијатива за поддршка на бегалците „Добредојдовте“ соопшти дека во близина на границата со Босна и Херцеговина поставиле плакати со натписи кои ја критикуваат Хрватска. На плакатите пишува „Добредојдовте во Хрватска“ и „Хрватска полна со тортура“ на англиски јазик. Како што е наведено, плакатите се поставени откако Европската комисија објави дека Хрватска ги исполнува условите […]

Коцијанчич: Косово да ги укине таксите, а Србија да обезбеди клима за дијалог


Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич изјави дека по формирањето на новата влада на Косово треба да бидат укинати стоотстотните такси на увозот на стока од Србија, додека за Белград задачата е да обезбеди поволна клима за разговори со Приштина. За косовскиот портал ИндексОнлајн Коцијанчич рече дека Европската унија од сите политички актери очекува да […]

Локалните избори во Бугарија ја потврдија политичката доминација на ГЕРБ на Борисов


Локалните избори во Бугарија, судејќи според излезните анкети, повторно ја потврди политичката доминација на партијата на десниот центар ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Главниот противкандидат, социјалистите и либаралите од прозападниот блок, не успеаја да остварат мнозинство во главниот град Софија, и другите поголеми градови, пренесуваат американските медиуми. Излезноста на гласачите вчера изнесуваше 43 отсто, […]

Китаровиќ и натаму е најпопуларен политичар во Хрватска


Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и натаму е најпопуларен политичар во земјата, покажуваат резултатите од последната анкета на  „Кробарометар” на агенцијата Ипсос, што ја објави хрватската телевизија Нова. Позитивен впечаток за неа имаат 52 отсто на испитаниците, а за 40 отсто е негативен. Грабар Китаровиќ, меѓутоа, во споредба со претходните истражувања изгубила 15 отсто од подршката […]

Уапсен џихадист во Грција, кој како бегалец од Сирија стигнал и побарал азил на островот Кос


Случај со маж од Сирија, кој со неговиот малолетен син во јуни пристигнале на грчкиот остров Кос, претставувајќи се како бегалец кој бара азил, а всушност станувало збор за џихадист, открива грчкиот весник „Реал њуз“ (Real news), jави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за лице, кое според весникот, имало активна улога во терористичката […]

Курти: Новата косовска влада ќе ја формираат ВВ и ЛДК, без Српската листа


Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање влада откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори во Косово, изјави дека нема ниедна пречка што не може да се надмине во преговорите за формирање нова влада меѓу неговата партија и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), кој испадна […]

Варвициотис: Грција го поддржува Договорот од Преспа и ЕУ-интеграцијата Скопје и Тирана


Последните случувања создаваат нови политичка ситуација и го потврдуваат она што предизборно го кажувавме за Договорот од Преспа, но она што не се менува е нашата поддршка за европската перспектива на соседната земја, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис, во интервјуто за весникот „Параполитика“ во однос развојот на настаните кај нас, […]

Словенечки пратеник колегите од власта ги нарече свињи


Словенечкиот пратеник Миха Кордиќ одби да им се извини на колегите од владеачките партии кои на Фејсбук ги нарече „свињи“, веднаш откако тие гласаа за промена на даночните стапки, што според негово мислење и ставот на неговата партија, ќе ги погоди луѓето со најниски приходи. „Оние пратеници кои гласаа за мерките со кои заради помалата […]

Рама се сретна со Курти


Албанскиот премиер Еди Рама синоќа се сретна со лидерот на Движењето “Самоопределување” и иден премиер на Косово Албин Курти. Средбата траела  неколкучаса, а за неа на Фејсбук се огласи Рама, пишувајќи дека разговарале за многу прашања околу унапредувањето на соработката, како и “координацијата на двете влади”. Ова е прва средба на Курти со Рама по […]

Србија во Москва потпиша договор за слободна трговија со Евроазијската економска унија


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Москва потпиша Договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската унија (ЕАЕУ) со кој се проширува списокот на српски производи што можат да се извезуваат на територијата на ЕАЕУ без царина и со зголемување на квотите за извоз на стоки за кои важеа ограничувања. Договорот ќе ги замени постојните […]

Бугарската јавност поделена по изборот на главен обвинител


Врховниот судски совет на Бугарија го избра Иван Гешев за главен обвинител на земјата, и покрај критиките во јавноста. Врховниот судски совет вчера со 20 гласа „за“ и четири „против“ го избра Гешев за седумгодишен мандат, кој во моментов е заменик главен обвинител. Гешев (49) беше единствениот кандидат, што предизвика негодување кај дел од јавноста […]

За шест од 10 Грци земјата оди во правилна насока


За 61 процент од Грците земјата во изминатите шест месеци сигурно или веројатно оди во правилна насока, покажува истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ спроведено за грчката телевизија „Скај“, jави дописничката на МИА од Атина. Владејачката Нова демократија и понатаму е во предност пред опозициската СИРИЗА со 13,5 отсто поголем рејтинг, додека пак Кирјакос […]

Рама: ЕУ го изневери Заев


Албанскиот премиер Еди Рама гостувајќи во емисијата „Опинион“ на Клан телевизија, изјави дека настаните во Северна Македонија се различни со оние во Албанија и оти ЕУ го изневерила премиерот Зоран Заев. – Во случајот на Заев е сосема подруго и во тој случај сите други би го сториле истото, затоа што од Заев беше побарано […]

Курти: Во новата косовска влада ќе има министер Србин, но тој не мора да е од Српската листа


Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање влада откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори, изјави дека новата влада на Косово ќе ја испочитува уставната обврска во неа да има министер од редовите на српската етничка заедница во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. […]