Празни столчиња на Синтагма – мирен протест на грчките угостители


Со 200 празни столчиња на плоштадот Синтагма, Грчката федерација на угостителски и сродни професии, вечерва одржа симболичен протест во рамките на европскита иницијатива симболични „Empty chairs“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од федерацијата на овој начин побараа ефективни решенија за да преживее конкретниот сектор.

Секое од празните столчиња имаше и порака со барањата на угостителите.