Како ќе изгледа престојот вo грчките хотели?


Најголемата загриженост за последиците од коронавирусот во Грција е во секторот туризам. Бидејќи годинешната летна сезона ќе биде послаба од претходните години, хотелиерите очекуваат да бидат во загуба од повеќе од 50 проценти.

Постојат шпекулации дека шведската маса во хотелите може да стане дел од минатото, бидејќи се претпоставува дека може да се замени со подготвени оброци.

Пријавувањето и одјавувањето за хотелските оброци ќе се вршат преку паметни телефони, додека контакт со рецепцијата и вработените ќе биде ограничен на стаклени паравани..

Антисептици и марамчиња за дезинфекција ќе бидат на секој чекор.

Грчкиот туризам ќе започне со воспоставување на воздушниот сообраќај, меѓутоа, отворањето на границите е најмногу  ги загрижува епидемиолозите.

„Не е сигурно дека вирусот ќе биде искоренет. Особено кога ќе земеме предвид дека туристите од други земји ќе влезат во Грција. Тие можат лесно да го вратат вирусот“, изјави Сотирис Циодрас.

Како патниците ќе се качат во авионите?

Се претпоставува дека патниците ќе треба да поминат низ тунели за дезинфекција и скенери за тело пред да се качат. Екипажот ќе има специјална заштитна опрема, маски за патувања и нараквици, а храната ќе биде спакувана. Параваните од плексиглас би требало да ги обезбедат здравствени стандарди помеѓу патниците.

Во меѓувреме, владата се обидува да ги поддржи 700.000 работници со скратено работно време, кои моментно бараат субвенција од 1,5 милијарди евра преку европска програма.