Обновени летови од европски дестинации до бугарскиот град Варна


Фото: Б. Грданоски

Авиокомпанијата Визер ги обнови летовите до аеродромот во бугарскиот град Варна од Ајндховен (Холандија), Дортмунд (Германија) и Лондон (Велика Британија). Трите лета се планирани за вечерва.

По тој повод, Регионалната здравствена инспекција наложи во времето на слетување на трите авиони, во зградата на аеродромот да присуствуваат инспектори кои ќе мерат телесна температура на патниците и ќе им дадат летоци со упатства и услови за карантинот. Сите пристигнати патници ќе треба да останат во 14-дневен карантин, бидејќи доаѓаат од региони ризични во однос на ширењето на Ковид-19.

Утре попладне се очекува и лет од Меминген, Германија.