По падот на авионот кај Задар, хрватскиот министер за одбрана поднесе оставка


 

Министерот за одбрана на Хрватска Дамир Крстичевиќ поднесе оставка по падот на воениот авион во кој загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство.

„Денеска околу 16 часот во текот на редовен лет дојде до пад на школски авион „Злин“ во подрачјето на Бељана Долни. Со доаѓањето на местото на несреќата можевме да констатираме дека загина надпоручникот Макро Новаковиќ и поручникот Лука Јагетиќ. Причините за падот на авионот не ни се познати“, рече адмиралот Роберт Храњ.

Авионот падна половина час по полетување. Со авионот немало проблеми, а во употреба е од 2007 година. Пилотот Новаковиќ бил искусен. Јагетиќ, кој е роден 1995 година, веќе летал самостојно, а летачката обука течела по планот.

Министерот Крстичевиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите.

„Како што знаете пред три месеци имавме трагична несреќа со хеликоптер и изгубивме два млади животи. Она што е важно е дека се мора да биде истражено, зборувам за целиот систем, дека мора да се каже вистината и дека мора да бидеме транспарентни“, рече министерот.

„Јас со денешниот ден поднесувам оставка на местото потпретседател на Владата и министер за одбрана на Република Хрватска“, рече Крстичевиќ.

Во Хрватска се урна воен авион за обука, две лица загинаа