Мирел: ЕУ го потцени наследството од војните на Балканот


Наследството на војната е потценето и на Европа и недостасува политичка амбиција за земјите од Западен Балкан, оценува поранешниот директор на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Пјер Мирел, во опширното интервју за веб-страницата Европски Западен Балкан.

Мирел смета дека ЕУ го потцени наследството од војната и недостигот на големи инвестиции од осумдесетите години,

-Како што објаснив, ЕУ требаше да понуди широк финансиски пакет по самитот во Солун, ставајќи ја економијата во прв план. Покрај ова, ЕУ долго време и даваше предност на стабилноста, отколку на демократијата, со надеж дека главните билатерални проблеми ќе бидат решени со силни лидери. Резултатот од тоа беше „стабилократија“, како што велат некои универзитетски текстови.

Тој, исто така, се сомнева дека без вистински Маршалов план, со кој ќе се „купат реформи“ овие земји – освен Северна Македонија и Албанија – „не се навистина заинтересирани да преземат клучни реформи “.

Мирел притоа смета дека ЕУ треба да продолжи да го наградува напредокот на земјите од регионот, како тој на Северна Македонија и решавањето на билатералното прашање со Грција, нагласувајќи дека добрососедските односи и силните гестови на помирување треба да останат клучни услови за членство во ЕУ.