Словенија спроведе тестирање за корона во цела популација


 

Словенечката влада утре официјално ќе ги објави резултатите од националното истражување за раширеноста на новиот корона вирус во популацијата, а министерот за здравство денеска рече дека прокуженоста на популацијата со вирусот е релативно ниска.

„Прокуженоста е некаде меѓу два и четири отсто, што е релативно малку“, рече Гантар пред новинарите по седницата на владата на која на дневен ред беше серолошкото испитување кое го спроведе Микробиолошката лабораторија на љубљанскиот Медицински факултет, на примерот од 1.368 луѓе од сите возрасти и различни региони.

Како што пренесоа словенечките медиуми, истражувањето на тој примерок покажало дека болеста ковид-19 ја преболеле од 42 до 84 илјади од словенечкото населени, односно меѓу два и четири отсто од целата популација, што е повеќе од пчекувањата, но сепак покажува размерно ниска прокуженост, односно дел од популациjaта која била во контакт со корона вирусот.

Доброволното тестирање почна на 20 април, при што на оние кои учествуваа им беа земени брисеви од грло и примерок од крв, за да се
испита дали кај нив се развиле противтела на корона вируспт.

Од резултатите од испитувањето ќе зависи и колку епидемиолошките мерки ќе се ублажат или укинат при следниот, веќе најавен, бран на ублажување на тие мерки за две недели.

Според последните официјални податоци со редовно тестирање кое трае од почетокот на епидемијата, во Словенија по 57.474 тестови потврдени се 1.445 случаи на заразени со корона вирусот. Починаа 98 лица.