Во Албанија во последното деноноќие 10 новозаразени и исто толку оздравени


Инситутот за јавно здравје на Албанија информираше дека во последното деноноќие од тестираните 275 сомнителни случаи на Ковид-19, позитивен е резултатот кај 10 лица, или две помалку од вчера.

-Со новодијагностицираните вкупниот број се зголеми на 842 заболени, од кои 605 се оздравени или десет повеќе од вчера. Бројката на починати од останува 31,кои боледувале и од други хронични болести.Моментно активни на болеста се 206 лица, информираше Ровена Даја од Институтот.

Додаде дека поголемиот процент од активните случаи со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, нивната состојба ја следат матичните лекари.

-Во двете здравствени установи Ковид, Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ се наоѓаат 38 пациенти, од нив седум се на интензивна терапија, информираше Даја.

Упати апел до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораки, посебно физичката дистанца, одржување на личната хигиена и носењето заштитна маска.