Фридом Хаус гледа напад на власта врз критичарите во Србија


Програмската директорка на Фридом Хаус за Европа и Евроазија Софија Орлоски, изјави за Гласот на Америка (ВоА) дека таа организација е длабоко загрижена за настаните во Србија, особено откако им претходеа години на прогон на независните медиуми и на невладините организации спроведени од српските власти. Орлоски ова го оцени по повод барањето на Управата за […]

Во Србија 321 нов случај со Ковид-19, седуммина починаа


  Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 321 нов случај со корона вирус, а починаа седум пациенти. Последното деноноќие биле тестирани 8.804 примероци. Во Србија од почетокот на епидемијата починаа 565, а заразени се вкупно 25.213. Бо моментот на респиратор се 150 пациенти.

Црни рекорди во Косово: Во еден ден од Ковид-19 заболеа 258, а 16 починаа


Здравствените власти во Косово известуваат дека во текот на последните 24 часа, од вкупно извршени 480 тестови, 258 биле позитивни на „Ковид-19“. Најголем број од позитивните случаи се од Приштина, Пеќ, Гњилане, Урошевац… Истовремено, во соопштението се додава дека во последните 24 часа се регистрирани 16 починати пациенти, позитивни на Ковид-19. Вкупниот број на позитивни […]

Албанија ги укина изборните коалиции


Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции. Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници […]

Протестите во Бугарија се помасовни


На две крстосници во центарот на Софија целосно е блокиран сообраќајот од страна на демонстрантите кои уште синоќа се заканија дека ќе постават шаторски камп. Полицијата го пренасочува и го регулира сообраќајот, а јавниот превоз го измени возниот ред. Во повеќе од десет бугарски градови вчера се одржаа најмасовните антивладини протести, кои се одржуваат веќе […]

Во Австрија и Словенија паѓал град со големина на јаболко


Словенија – Исклучително силно невреме, кое вчера во доцните попладневни часови зафати делови од Австрија, во текот на ноќта погоди и поголем дел од Словенија, каде на повеќе места била причинета штета. Биле предизвикани поплави, а некаде паѓал и град со големина на јаболко. Поради силниот налет на бурата, возачите на автомобили во некои подрачја побарале […]

(Видео) Ердоган ја смирува топката: Вака ги чуваме христијанските објекти


  Само четири дена по првиот намаз во Аја Софија, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, реши да ги смири страстите на христијанскиот свет. Тој присуствуваше на церемонијата на завршување на реставрацијата на православниот манастир Сумела во Турција. Ердоган изјави дека на овој начин Турција ги штити објектите од културното наследство на христијанството: „Во Турција […]

Во Србија нови 372 заразени, починаа седуммина


  Според последните податоци во Србија се регистрирани 372 нови случаи со корона вирус во последните 24 часа. Починаа седум пациенти. Според Министерството за здравство на респиратори во болниците се 143 пациенти, што е за 13 помалку од вчера. „Белград е темпирана бомба и така ќе биде се додека трае пандемијата“, рече денеска д-р Предраг […]

Во Хрватска нови 71 случај со Ковид-19


  Во Хрватска денеска се регистрирани нови 71 случај со корона вирус, а во моментот има 754 активни случаи. Според министерот за здравство Вили Берош, трендот е намалување на активните случаи. Днееска почина уште еден пациент, со што вкупниот број се искачи на 141. Во болница се 132 лица, од кои девет на респиратор. Од […]

Рекордни 363 новозаразени во БиХ, десетмина починаа


  Во изминатите 24 часа во БиХ регистрирани се 363 нови случаи со корона вирус, на тестирани 1.669 примероци, од кои во Федерацијата 227 позитивни, а во Република Српска 136. Во Федерацијата биле тестирани 994 примероци, а вкупно од почетокот на епидемијата 84.699. Ковид-19 е потврден кај 6.332 лица. Оздравеле 3.165 пациенти, активни се 3.022, […]

Почина министер од Кoвид-19 во БиХ


Министерот за прашања на борците и инвалидите во Владата на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ почина денеска на Клиниката за пулмологија во Сараево, објави порталот Klix.ba. Тој десетина дена бил хоспитализиран откако му се влошила здравствената состојба и тестирањето покажало дека е позитивен на Ковид-19. Здравствената состојба на Букваревиќ се влошила во понеделникот, а претходните денови […]

Пожар во селата околу Требиње, се слушнале 20 експлозии


  Во тек е гасење на пожарот кја Требиње, Босна и Херцеговина, кој почна вчера околу 13 часот и се прошири кон околните села, а денеска се слушанле 20-тина експлозии. Тоа им го отежнува гасењето на пожарот на пожарникарите. Мештаните од неколку села велат дека и порано тука имало пожари, но овој е најлош досега, […]

Во Бугарија нови 250 заболени од Ковид-19


  Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во Бугарија се зголеми за 250, а вкупниот број инфицирани во таа земја достигна 10.871, од кои 4.750 се активни. Во последното деноноќие починаа уште осум пациенти, а вкупниот број смртни слуачи е 355, пренесе агенцијата БТА. Во моментот во болница се 699 лица, а 40 на интензивна […]

Задолжителна маска во одредени затворени простори во Грција, зголемен број случаи на Ковид-19 во земјата


Во продавниците за малопродажба, во продавниците за храна како што се фурни, месарници, слаткарници и слично, во супермаркетите, во банките, во јавните служби што работат со странки, во фризерските и козметичките салони, во јавниот превоз и такси возилата, во лифтовите, во болниците, ординациите и дијагностичките центри во Грција, од денеска е задолжително носење маска како […]

Турскиот Парламент го изгласа законот со кој се заострува контролата врз социјалните мрежи


Турција – Турскиот Парламент денеска го усови законот со кој се предвидува засилена контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување. Главните социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук, во иднина ќе мора да имаат свој претставник во Турција. Социјалните мрежи, исто така, ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот […]

Турбо-корона на Западен Балкан: За бакнежите и забавите


Црна Гора одново прогласи епидемија на Ковид-19 на цела територија. Впрочем коронавирусот зема нов замав речиси насекаде на југоистокот на Европа. Кои се причините на наглото ширење на инфекцијата? Клубовите во европскиот центар на љубителите на „журки” на островот Паг би требало да се затворени. Но, минатиот викенд ситуацијата во светски познатиот Зрч беше поинаква. […]

Пендаровски на онлајн балканскиот самит за Западен Балкан во Вашингтон


САД– Атлантскиот совет од Вашингтон денеска ќе биде домаќин на онлајн Самит на лидерите на шест зeмји од Западниот Балкан, на кој, според организаторите, ќе учествува и претседателот Стево Пендаровски. Целта на самитот е преземање практични чекори за постигнување на договор за регионалната економска соработка, кој би требало да му помогне на регионот да се […]

„Репортери без граници“: Ѓукановиќ да не го потпише законот за медиуми во Црна Гора


Меѓународната организација  „Репортери без граници“ нагласува дека ќе биде уште еден удар врз слободата на медиумите во Црна Гора ако стапи во сила новиот Закон за медиуми. Тие го повикаа црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ да не го потпише законот. Обврската на новинарите да го откријат изворот, на барање на државниот обвинител, што е содржана во […]

Српските власти вршат истрага за перење на пари на познати новинари и невладини организации


Управата за спречување на перње пари при Министерството за финансии на српската влада направи список со 20 медиумски работници и 37 невладини организации и граѓански здруженија, со кој бара од банките да извршат увид во сите нивни трансакции во претходната година. Во барањето се наведува дека се бараат податоци со цел да се утврди дали […]