Хрватска со нови 151 случај со Ковид-19


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 151 случај со корона вирус, а починаа тројца.

Активни се 2.107, од кои 299 се на болничко лекување, а 22 на репсиратор.

Вкупно во Хрватска од корона вирус заболеа 13.749, починаа 230, а 11.412 оздравеа. Во самоизолација во моментот се 8.598 лица.

До денеска тестирани се 230.585 лица, а од нив 5.571 во последните 24 часа.