Пораст на бројот новозаразени во Србија – денеска 74


Во последните 24 часа на корона вирус во Србија тестирани се 7.709 лица од кои 74 биле позитивни, а за жал починале двајца пациенти.

Според податоците на Министерството за здравство и Институтот „Батут’, на респиратор во болница се 28 пациенти, колку што имше и вчера.

Вкупниот број на жртви на корона вирусот во Србија изнесува 735, а вкупниот број заболени е 32.501 лица.

Вчера во Србија беа регистрирани само 29 новозаболени.