Во Босна и Херцеговина нови 169 заболени од Ковид-19, деветмина починаа

 

Во Босна и Херцеговина заболени се нови 169 луѓе со Ковид-19, од кои во Федерацијата 129 и 39 во Република Српска и еден во Брчко.

Во федерацијата биле тестирани 1.133 примероци или вкупно од почетокот на епидемијата 136.563, од кои 15.050 се позитивни.

Оздравени се 10.604 пациенти, а активни се 4.037 .

Пријавени се шест смртни случаи во последните 24 часа, со што бројот на жртви се зголеми на 409.

Во Брчко има еден нов случај.

Од последниот извештај во Република Српска бројот на заразени се зголеми за 39.

Пријавени се и три смртни случаи.