Хрватска со 280 нови случаи, починаа шестмина


Во Хрватска во последните 24 часа забележани се 280 нови случаи на Ковид-19, па бројот на активни случаи се искачи на 2.103.

Во болница има 293 пациенти, од кои 20 на респиратор.

Починаа шест пациенти.

До денеска вкупно се забележани 14.029 лица заболени од корона вирус, од кои 236 починаа, а 11.690 оздравеа.