Во две недели настава во Србија заразени 52 ученика и 20 вработени

Поради изборите властите целосно ја отворија Србија, доцолија натпревари со многу публика и го организираа контроверзниот тениски турнир на Новак Ѓоковиќ

Во првите две недели од настава во основните и средните училишта, вкупно 52 ученици и 20 вработени се заразени со корона вирус, изјави српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ.

Тој во изјава за ТВ Пинк прецизира дека 25 ученици биле заразени во 1.250 основни училишта во Србија и дека од таа бројка шест ученици не доаѓале на училиште. Шарчевиќ додава дека се работи за спорадични случаи, имајќи предвид дека во училиштата во Србија има околу 850.000 ученици.

Српскиот министер потенцираше дека децата доаѓаат во училиштата со маски, се одржува растојанието, дека наставниците завршиле добра работа и дека училиштата денес се најбезбедно место, каде можноста за пренесување на инфекцијата е многу помала отколку во парковите, спортските терени каде децата обично се дружат вон настава.

Тој уште рече дека просветниот инпекторат секојдневно контролира дали се спроведуваат превентивните мерки во училиштата.