Земјотрес кај албанскиот град Лежа со јачина од 3,1 степен


Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер е регистран попладнево во Албанија.

Епицентарот на потресот,кој е почувствуван во 13.35 часот е на 11 километри од градот Лежа и шест километри северно од Рубик.

Земјотрес со јачина од 4,2 степени и епицентар во Лежа беше регистран и вечерта на 12 септември, кој се почувствува и на македонско тло.

Утрово, на 13 септември беа регистрирани уште два земјотреса на истото подрачје, со јачина од 2,3 и 2,4 степени по Рихтер.

Едниот потрес беше со јачина од 2,3, а другиот со јачина од 2,7 степени по Рихтер.