Во Србија повеќе заразени, а помалку тестирани од вчера


 

Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 3.082 лица, од нив 108 биле позитивни, додека двајца починале.

Вчера, имаше двојно повеќе тестирани 6.068, но и помалку заразени – 72.

Според последните податоци на Министерството за здравство на респиратор во српските болници се 28 пациенти.

Утре треба да се одржи состанок на Кризниот штаб за борба против Ковид-19 на кој треба да се расправа заукинување или ублажување на некои мерки, но и за евентуално воведување самоизолација или карантин за оние кои се враќаат од летување во Црна Гора, Хрватска и други земји.