Црна Гора со дури 182 новозаразени со корона вирус


 

Кај 182 луѓе во Црна Гора денеска е потврдено присуство на корона вирусот, а пријавени се и два смртни случаи, соопшти Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата забележани се 120 смртни случаи.

Тестирани биле 487 примероци. Оздравеле уште 16 пациенти.

Досега инфекцијата е потврдена кај 6.712 луѓе, а бројот на активни случаи е 2.085.