Од корона вирус почина Момчило Краjишник


Момчило Краиjшник осудениот воен злосторник , кој беше заразен со коронавирус, почина утрово на Универзитетскиот клинички центар во Бања Лука.

На Краjишник претходно му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус, а откако му се влоши состојбата, тој беше префрлен од Пале во Бања Лука. По дијагностички процедури, му беше дијагностицирана  пневмонија.

„Ја информираме јавноста и медиумите дека утрово, на 15.09.2020 година во 6:00 часот на Клиниката за интензивна медицина за нехируршки гранки на УКЦ РС, Момчило Краишник, првиот претседател на Националното собрание на Република Српска, почина како резултат на инфекција со новиот вирус, соопштија од УКЦ РС.

Да потсетиме, Краjишник беше уапсен во 2000 година по потерница на Хашкиот трибунал, каде беше осуден на 27 септември 2006 година за истребување, убиство, прогон врз политичка, расна или верска основа, депортација и нехуман третман, како и за злосторства против човештвото, но не за геноцид. Тој беше осуден на 20 години затвор, но беше на слобода од 30 август 2013 година за издржување на две третини од казната