Речиси илјада заболени и 13 починати од Ковид-19 вчера во Косово


Во Косово во минатите 24 часа продолжи неколкунеделниот тренд на пораст на бројот на заболени и починати од Ковид-19, со 963 нови заразени и 13 пациенти кои подлегнаа на болеста, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително вчерашните случаи, досега во земјата се потврдени вкупно 27.851 […]

Повторно над 3.000 нови случаи во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција повторно се регистрирани над 3.000 нови случаи на Ковид-19 – вкупно 3.038 новозаразени, а починаа 38 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од ден на ден, во земјата се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати. Денеска се 336, односно 26 повеќе од вчера. На денешната редовна […]

Во Белград критично, Србија со речиси 3.500 новозаразени


  Во Србија во последните 24 часа забележани се речиси 3.500 новозаразени со корона вирус, а само во Белград има нови 1.597. Починаа 17 пациенти. На второ место е Нови Сад со 330 новозаразени. Тешка е и ситуацијата во Ниш, каде се регистрирани 113 новозаболени. Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести […]

Во Црна Гора е најавено воведување полициски час до 21 до 5 часот наутро до 1 декември


Во Црна Гора е најавено воведување полициски час до 21 до 5 часот наутро до 1 декември, а исто така се планира забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, пишува „Вијести“. Најавено е и дека ќе се скрати работното време на продавниците и угостителските објекти до 20 часот.  Ќе бидат забранети сите собири, како и […]

Потврден корона вирусот кај визони и во Грција


Позитивни на коронавирусот се резултатите од деветте примероци земени од живи и мртви визони во фарма во грчкиот град Козани, откако претходно беше потврден Ковид-19 кај еден од фармерите, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на ветеринарната служба од Козани, Теофилос Канѕоглу, во изјава за медиумите вели дека во конкретната фарма има 2.500 животни, […]

Од почетокот на ноември во Босна и Херцеговина починаа 568 болни од Ковид19


Во Босна и Херцеговина од 1 ноември досега починаа 568 заразени со корона вирус, а рекордот во еден ден е забележан на 9 ноември, кога починаа 73 пациенти. И денеска Босна и херцеговина забележа висок број починати, дури 58. Новозаболени се 1.332, од 3.854 тестирања. Во Федерацијата во последните 24 часа направени се 2.451 тест […]

ХДЗ не прифаќа колективна одговорност и најави жалба


Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска соопшти дека не прифаќа колективна одговорност по повод денешната пресуда на Жупанискиот суд во Загреб, со која на партијата и беше изречена казна од 3,5 милиони куни (околу 460.000 евра). ХДЗ најави жалба на пресудата. Во соопштението на ХДЗ се наведува дека партијата, без да навлегува во основаноста на […]

Во Хрватска нови 3.056 заразени со Ковид-19, 43 починаа


  Во последните 24 часа забележани се 3.056 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 16.746. Меѓу нив 1.620 пациенти се лекуваат во болница, од кои 179 на репсиратор. Починаа 43 пациенти или вкупно 968 од почетокот на епидемијата. До денеска во Хрватска се забележани 78.978 заразени со корона вирус, оздравеа […]

Иво Санадер осуден на осум години затвор, ХДЗ одговорна


Во повтореното судење на поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер е прогласен за виновен за корупција поради извлекување пари преку маркетинг-агенцијата „Фими медиа“. Санадер на повтореното судење е осуден на единствена казна затвор во траење од осум години. Пресуда е изречена и за неговите некогашни соработници, но и на партијата ХДЗ, пренесе Индекс. Повтореното судење […]

Нов негативен рекорд во Грција, регистрирани 3.316 нови случаи, починаа 50 лица


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 3.316 нови случаи, а починаа 50 лица, што е нов негативен рекорд на дневно ниво, како во однос на новозаразрените, кои првпат се над 3.000 така и во однос на смртните случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Од ден на ден, во земјата се зголемува и […]

Во Албанија 401 новозаразени со Ковид-19, во тек постапка за набавка на брзи тестови


Во Албанија, во последното деноноќие Ковид -19 е потврден кај 410 лице од направените 2.044 тестови (485 за скриннг),што е 20 отсто од тестираните. И понатаму главно жариште е Тирана каде се 265 од новите случаи, по што доаѓаат Драч, Елбасан,Скадар и Корча. Според министертвото за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа битката […]

Словенија воведе нови драстични мерки за да го спречи ширењето на заразата


Словенија ќе воведе нови построги мерки што ќе бидат во сила следните две недели со цел да се спречи зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот. Една од мерките ќе биде привремено укинување на јавниот превоз, а сите продавници, освен оние што продаваат храна, ќе бидат затворени, пренесува агенцијата СТА. Училиштата и градинките остануваат […]

Повторно повеќе од 3.000 заразени во Србија, починаа 19 пациенти


  Во Србија во последните 24 часа откриени се 3.341 случај на зараза, а од пoследиците на Ковид-19 починаа уште 19 пациенти. На респиратор се 151 пациент, а во болница се лекуваат 3.343. Во последните 24 часа тестирани се 13.008 лица. До денеска во Србија од Ковид-19 заболеле 73.765, а заразата однесе 955 животи. Заради […]

Словенечката полиција користела гумени куршуми против демонстрантите, првпат од 1991 година


Полицијата во Љубљана денеска соопшти дека за време на протестите минатиот четврток, користеле гумени куршуми, кои најчесто се во употреба за растурање такви собири. За време на тие протести беа повредени 15 полицајци, од кои петмина побараа медицинска помош, а началникот на полицијата Станислав Вречер истакна дека употребата на сила против демонстрантите била пропорционална, пренесува […]

Солун се плаши да не го снајде сценариото „Бергамо“ со Ковид-19


Ситуацијата во Солун е како во воена зона, нема доволно кревети ни на интензивна нега, ниту обични кревети. Здравствените експерти велат дека системот е пред целосен колапс   Остриот пораст на случаите со Ковид-19 во Солун ја загрижи владата, која сега се обидува да најде брзи решенија за да се избегне трагедија слична на онаа […]

Во Босна и Херцеговина новозаразени се 1.728, починаа 49 пациенти


  Во Босна и Херцеговина забележани се нови 1.728 заразени со корона вирус, а починале 49 пациенти. Во Федерацијата тестирани се 3.574 примероци, од кои 1.120 биле позитивни. Вкупно се тестирани 238.922, а корона вирусот е потврден кај 43.192 лица. До денеска, во Федерацијата оздравеле 23.685 пациенти, а активни се 18.442 случаи. Пријавени се 21 […]

Во Хрватска денеска нови 3.082 заразени, починаа 32 пациенти


  Во послендите 24 часа во Хрватска забележани се нови 3.082 заразени, а активни се 16.348. Меѓу нив во болница се лекуваат 1.598 од кои 178 пациенти се на респиратор. Починаа 32 пациенти, со што бројот на умрени се зголеми на 925. Прв пат во Хрватска се тестирани повеќе од 10.000, односно 10.156 или 592.326. […]

Рекордни 41 смртен случај и 1.925 новозаразени за еден ден во Словенија


Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.925 нови случаи на корона вирус, а во истиот период умреле дури 41 пациент, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. Според словенечката Влада, од последниот пресек се тестирани 6.767 лица, што значи дека 28,45 проценти од испитаниците биле позитивни. […]

Турција забрани пушење на јавни места поради епидемијата на корона вирус


Турција денеска забрани пушење на јавни места со цел да го забави ширењето на корона вирусот, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата, а Владата ги предупреди граѓаните да се придржуваат до рестриктивните мерки. Турското Министерство за внатрешни работи наведува дека забраниле пушење за граѓаните да бидат обврзани да не ги вадат маските на отворено […]

Во Грција се воведува и полициски час, денеска повторно рекорден број починати


Од петок во цела Грција, освен карантинот што е на сила веќе пет дена, се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот, јави дописничката на МИА од Атина. Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес конференција, попладнево соопшти дека дозволено ќе биде излегување поради […]