Во Белград критично, Србија со речиси 3.500 новозаразени


 

Во Србија во последните 24 часа забележани се речиси 3.500 новозаразени со корона вирус, а само во Белград има нови 1.597.

Починаа 17 пациенти. На второ место е Нови Сад со 330 новозаразени.

Тешка е и ситуацијата во Ниш, каде се регистрирани 113 новозаболени.

Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести стапија на сика денеска во 14 часот. Со нив се дефинира казнувањето во слуачј не непочитување на мерките, како се спроведува изолација, карантин, а се дава и можност за задолжителна вакцинација.