Нов негативен рекорд во Грција, регистрирани 3.316 нови случаи, починаа 50 лица


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 3.316 нови случаи, а починаа 50 лица, што е нов негативен рекорд на дневно ниво, како во однос на новозаразрените, кои првпат се над 3.000 така и во однос на смртните случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ден на ден, во земјата се зголемува и бројот на пациенти приклучени на апарати. Денеска се 310, односно 13 повеќе од вчера.

Од денешните нови случаи, најголемиот дел – 828 се во Солун, а 756 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 66.637 случаи на Ковид-19, а починаа 959 лица.