Во Албанија 401 новозаразени со Ковид-19, во тек постапка за набавка на брзи тестови


Во Албанија, во последното деноноќие Ковид -19 е потврден кај 410 лице од направените 2.044 тестови (485 за скриннг),што е 20 отсто од тестираните.

И понатаму главно жариште е Тирана каде се 265 од новите случаи, по што доаѓаат Драч, Елбасан,Скадар и Корча.

Според министертвото за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа битката со опасниот вирус ја изгубиле осум пацинти или вкупно 598 до сега,додека за среќа оздравиле 81 или 12.574 од вкупно заразените 26.211лица. Од активните 12.039 болнички се третираат 373.

Од друга страна ресорната министерка Огерта Манастирлиу, на барањето на шефот на државата Илир Мета и опозицијата за итно масовно зголемување на бројот на тестовите,рече дека бројот на тестирањата бил зголемен за четирипати и оти во тек е постапката за набавка на брзи тестови.

Таа исто така ги отфрли обвинувањата за недостиг на легла во трите ковид болници. Во нив,рече таа има 500 легла а моментно се сместени 373 и оти доколку е потребно подготвена е и четвртата ковид болница.