Иво Санадер осуден на осум години затвор, ХДЗ одговорна


Во повтореното судење на поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер е прогласен за виновен за корупција поради извлекување пари преку маркетинг-агенцијата „Фими медиа“.

Санадер на повтореното судење е осуден на единствена казна затвор во траење од осум години.

Пресуда е изречена и за неговите некогашни соработници, но и на партијата ХДЗ, пренесе Индекс.

Повтореното судење за извлекување пари од државните институции и фирми преку „Фими медиа“, почна во 2016 година, по една година откао Врховниот суд ја укина осудителната пресуда од 2013 година, пренесоа хрватските медиуми.

Ова е прв пат да ѝ се суди на некоја политичка партија во Хрватска. Партијата е одговорна што поради казнените дела на Санадер и неколкумина други прибавила за себе 14,6 милиони куни (речиси 2 милиони евра).