Повторно повеќе од 3.000 заразени во Србија, починаа 19 пациенти

Во Србија во последните 24 часа откриени се 3.341 случај на зараза, а од пoследиците на Ковид-19 починаа уште 19 пациенти.
На респиратор се 151 пациент, а во болница се лекуваат 3.343.
Во последните 24 часа тестирани се 13.008 лица.
До денеска во Србија од Ковид-19 заболеле 73.765, а заразата однесе 955 животи.
Заради неповолната епидемиолошка ситуација, денеска заседаваше Кризниот штаб а се очекува да бидат воведени нови мерки за да се спречи ширењето на епидемијата.