Во Хрватска нови 3.056 заразени со Ковид-19, 43 починаа


 

Во последните 24 часа забележани се 3.056 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се вкупно 16.746.

Меѓу нив 1.620 пациенти се лекуваат во болница, од кои 179 на репсиратор. Починаа 43 пациенти или вкупно 968 од почетокот на епидемијата.

До денеска во Хрватска се забележани 78.978 заразени со корона вирус, оздравеа 61.264 лица, а во самоизолација се 38.585 лица.

Тестирани се вкупно 601.743, од кои 9.417 во последните 24 часа.