Во Босна и Херцеговина новозаразени се 1.728, починаа 49 пациенти

 

Во Босна и Херцеговина забележани се нови 1.728 заразени со корона вирус, а починале 49 пациенти.

Во Федерацијата тестирани се 3.574 примероци, од кои 1.120 биле позитивни. Вкупно се тестирани 238.922, а корона вирусот е потврден кај 43.192 лица.

До денеска, во Федерацијата оздравеле 23.685 пациенти, а активни се 18.442 случаи.

Пријавени се 21 смртен случај од последиците од Ковид-19, или вкупно 1.065 од почетокот на епидемијата.

Во Брчко има нови 92 заразени, а починаа две лица.

Во Република Српска тестирани се 1.344 примероци, а корона вирусот потврден е кај 516 пациенти.

Пријавени се 26 смртни случаи, или вкупно 639 досега. Вкупно од корона вирус заболеле 24.071 луѓе, а оздравеле 9.604. Тестирани се вкупно 116.848 лица.