Од почетокот на ноември во Босна и Херцеговина починаа 568 болни од Ковид19


Во Босна и Херцеговина од 1 ноември досега починаа 568 заразени со корона вирус, а рекордот во еден ден е забележан на 9 ноември, кога починаа 73 пациенти.

И денеска Босна и херцеговина забележа висок број починати, дури 58.

Новозаболени се 1.332, од 3.854 тестирања.

Во Федерацијата во последните 24 часа направени се 2.451 тест од кои 770 биле позитивни на корона вирус. Досега се тестирани 241.373 примероци, а корона вирусот е потврден кај 43.962 лица.

До денеска во Федерацијата оздравеле 24.226 пациенти, а активни се 18.640 заболени.

Пријавени се 31 смртен случај од последиците на Ковид-19 или вкупно 1.096.

Во Брлко анализирани се 117 примероци, а 51 биле позитивни.

Почина еден пациент.

Активни се 611 случаи со корона.
Во Република Српска пак, тестирани се 1.286 примероци, а 511 биле позитивни.

Пријавени се 26 смртни случаи или вкупно 665.

Досега потврдени се 24.582 заразени со корона вирус, оздравеле 9.842, а тестирани се 118.107 луѓе.