Дојави за бомби во БиХ и Црна Гора. Евакуирани трговски центри и кулата „Аваз Твист“


Полициските служби во БиХ и Црна Гора спроведуваат итни проверки по пријавите за наводно поставени експлозивни направи во неколку згради, вклучувајќи ги трговските центри во Подгорица и кулата „Аваз Твист“ во Сараево, пренесува Анадолу. Полициската управа презема итни мерки откако црногорските медиуми добија извештај преку е-пошта за наводно поставени експлозивни направи во трговските центри „Биг […]

Грција ѝ доаѓа на помош на Бугарија: „Го правиме ова за антибалистичка заштита од Иран“


Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас во петокот објави распоредување на системи „Патриот“ во северна Грција за да ѝ обезбеди на Бугарија „антибалистичка заштита од Иран“. Дендиас објави дека батерија „Патриот“ ќе биде преместена на север од земјата „во наредните часови“. Два грчки авиони Ф-16 се преместени и во северна Грција со „ексклузивна задача да […]

Србија објаснува зошто Хрватска не е препорачлива за патување за нејзините граѓани


  Не само во случајот со Хрватска, туку и во случајот со која било друга земја, безбедносната ситуација се следи внимателно, а списокот ќе биде ревидиран кога условите ќе се подобрат, изјави за РТС државниот секретар на Министерството за надворешни работи Невена Јовановиќ. Министерството за надворешни работи на својата веб-страница објави таканаречен „семафор“ – со […]

Косово пак оди на избори, парламентот не избра претседател на државата


  Косово не успеа да избере претседател на државата до законскиот рок и затоа ќе оди на избори. Претседателот на Косово се избира во собранието и рокот за неговиот избор заврши на 5 март на полноќ. Според уставот, сѐ уште актуелната претседателка, Вјоса Османи, мораше да го распушти парламентот и земјата да оди на нови […]

Секое таргетирање на Кипар е закана за цела Европа


Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, изјави дека секое таргетирање на Кипар е закана за цела Европа и дека поморската база на Судот на Кипар не е во непосредна опасност од ирански напади. Зборувајќи за грчкото воено присуство на Кипар, Герапетритис во интервју за телевизијата СКАИ нагласи дека мисијата на фрегатите „Кимон“ и „Псарас“, […]

Сите партии во Бугарија трпат штета од проектот на Румен Радев


  Проектот на поранешниот бугарски претседател Румен Радев има значително водство – 32,6% од гласачите, додека ГЕРБ има само 19,7%. Ова го покажува анкетата на „Алфа рисрч“ спроведена во периодот од 23 февруари до 2 март 2026 година меѓу 1.000 граѓани од целата земја преку директно стандардизирано интервју со таблети во домовите на испитаниците. На […]

Од 27 март од Белград до Будимпешта ќе се патува по новата пруга, билет во еден правец е 25 евра


Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Александра Софронијевиќ, на Копаоник бизнис форумот изјави дека патничкиот сообраќај од Белград до Будимпешта треба да започне на 27 март и нагласи дека цената на билет во еден правец треба да биде пониска од најавената и ќе изнесува 25 евра. „Цената на билет во еден правец беше […]

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград


 Државјани на Србија,  и неколку од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, околу два часот по полноќ, пристигнаа во Белград со специјален лет на „Ер Србија“ од Шарм ел Шеик, организиран од Владата на Србија и Министерството за надворешни работи. Специјалниот лет, кој тргна од Белград вчера […]

Грција испраќа воен брод и борбени авиони на Кипар


Грција нареди распоредување на воени сили на Кипар по нападот со беспилотни летала на медитеранскиот остров, привлекувајќи членка на Европската Унија во тридневната американско-израелска кампања против Иран за прв пат, пишува Политико. Одлуката дојде откако беспилотно летало „Шахед“ ја погоди базата на британската кралска воздухопловна сила (РАФ) во Акротири преку ноќ, додека неколку други напади […]

Румен Радев оди на избори со коалиција наречена „Прогресивна Бугарија“


  „Прогресивна Бугарија“ – ова е името на коалицијата со која Румен Радев, кој ја напушти претседателската функција пред крајот на својот мандат, ќе се кандидира на изборите на 19 април. Коалицијата беше регистрирана во Централната изборна комисија од страна на блиски луѓе до Румен Радев, Галаб Донев и Димитар Стојанов. Двајцата беа во неговиот […]

Србија во јуни ќе биде домаќин на 21. Светски конгрес на економисти


Во јуни оваа година, Србија ќе биде домаќин на 21. Светски конгрес на економисти и тоа ќе биде првпат најважниот настан во економската професија да се организира во регионот на Централна и Источна Европа. Тоа денеска го изјави претседателот на Здружението на економисти на Србија, Александар Влаховиќ. „Очекуваме доаѓање на повеќе од 1.000 од најважните […]

Рама им понуди поддршка на Саудиска Арабија и Катар по нападот на Иран: „Два скапоцени камења во круната на новиот Блиски Исток“


Албанскиот премиер Еди Рама зборуваше за нападите низ целиот Блиски Исток и испрати порака за поддршка до Саудиска Арабија и Катар. Во коментар објавен на социјалните мрежи, Рама ги опиша двете земји како два сјајни скапоцени камења. „Саудиска Арабија и Катар, два сјајни скапоцени камења во сјајната круна на новиот Блиски Исток дефинирани со надеж, […]

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана


Албанскиот премиер Еди Рама денеска го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на управата на полицијата за Тирана, Елтон Аљуши. Разрешувањето на двајцата високи полициски раководители според образложението е бидејќи ” за протестите на опозицијата, посебно синоќешниот, не презеле соодветни мерки и не успале да го обезбедат јавениот ред и мир”. […]

Оштетена е српската амбасада во Техеран


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неговото денешно обраќање рече дека е оштетена српската амбасада во Техеран. -Таа е оштетена, цел на американскиот напад беше базата Басидж. Шрапнели ја оштетија нашата амбасада. Важно е да кажеме дека нашите луѓе се повлекуваат кон Баку и Азербејџан, документацијата е уништена и запалена целосно, во согласност со правилата. […]

„Не беше несреќа, беше убиство“: Масовен протест во Атина на тригодишнината од железничката несреќа


Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани протестираа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во Атина на тригодишнината од железничката несреќа кај Темпи, а по завршувањето на официјалниот дел, имаше тензии меѓу полицијата и маскирани лица, јави дописничката на МИА од Атина. Официјалниот […]

Бујни пејзажи, снежна покривка и свеж воздух: Што нуди црноморскиот регион на Турција во зима


NationalGeographic, во својата престижна годишна листа на најавтентични светски дестинации „Best of the World 2026“ го избра и Црноморскиот регион на Турција, кој се протега долж северното крајбрежје на земјата. Оваа област, позната по бујните пејзажи и свежиот воздух, како особено атрактивна се смета во зима, а за туристите се препорачуваат неколку впечатливи рути. Орду […]

Вучиќ и Рама за германски весник: Не инсистираме на членство во ЕУ, туку на влез во единствениот европски пазар и Шенген зоната


 Во заеднички авторски текст за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ нагласуваат дека не инсистираат на членство во Европската Унија, туку на прием на нивните земји во единствениот европски пазар и Шенген зоната. „Многу Европејци се прашуваат дали ЕУ може ефикасно да функционира со значително повеќе членови, а загриженоста […]

Пожар во фабрика за мебел во Брчко, осум лица се повредени


Осум лица се повредени во големиот пожар што избувна во фабриката за мебел во Брчко. Тие се префрлени во Општата болница во Брчко со тешки респираторни компликации, изјави портпаролот на Здравствениот центар на округот Брчко, Салих Ибрахимовиќ. Според него, сите донесени пациенти се згрижени и приклучени на кислород и се надвор од животна опасност. Портпаролката […]

„Старлинк“ почна постапка за регистрација на компанија во Црна Гора


Компанијата „Старлинк“ започна формални процедури за влез на црногорскиот пазар на електронски комуникации, а почетокот на обезбедување сателитски интернет услуги за корисниците во Црна Гора се очекува до крајот на вториот квартал од 2026 година, пишува порталот Банкар. Како што објави Агенцијата за електронски комуникации и поштенски услуги (EKIP), разговорите со претставници на оваа глобална […]

Тргна првиот товарен воз на новата железничка линија Будимпешта-Белград


  Првиот товарен воз на MAV Railtours тргна неколку минути по полноќ на новата линија Будимпешта-Белград. Оваа вест ја потврди генералниот директор на Унгарските железници (MAV), Жолт Хеѓи, на својот Фејсбук профил, пишува Н1 Србија. Хеѓи објасни дека линијата, означена со 150, која е реновирана со секојдневен товарен сообраќај, ќе биде тестирана во реални услови […]