Земјите од Западен Балкан утре на самит во Тирана


Во палатата на бригадите во Тирана утре ќе се одржи Самит на земјите од Западен Балкан. Со самитот ќе претседава албанскот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат евокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановќ, како и премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев, на Косово, Албин Курти, на Србија, Ана […]

Се скратува полицискиот час во Грција, а од 1 јули целосно се укинува


Од сабота полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. По позитивната препорака од комисијата на […]

Бугарското Министерство за финансии објави проширен список на санкционирани лица според „законот Магнитски“


Министерството за финансии на Бугарија објави проширен список на лица кои спаѓаат или можат потенцијално да спаѓаат во рамки на санкциите наложени од Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ) при Министерството за финансии на САД. Како што јави дописникот на МИА од Софија, првично објавената листа се состои од 64 компании поврзани со бугарските […]

Словенија: Нови правила за студентите кои не се од ЕУ


Студентите кои не се од земји на ЕУ, а сакаат да студираат во Словенија, мора да докажат дека имаат на располагање најмалку 5.000 евра по академска година за да добијат дозвола за привремен престој, одредено е со неодамнешните измени на Законот за странци. Претставници на студентите и на универзитетите тврдат дека, покрај тоа што не […]

Компанија може да отпушти вработен, ако поради невакцинација ја изложи на опасност, вели грчки министер


Не може една компанија да биде во опасност да се затвори, бидејќи еден вработен сака да го искористи неговото наводно право да не се вакцинира, компанијата може да отпушти вработен, ако работникот ја изложува компанијата на ризик, рече министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгиадис во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“, јави дописничката […]

Албанскиот Парламент го разреши претседателот Мета, сега на потег е Уставниот суд


Со 104 гласа „за“ седум против и три воздржани албанскиот парламент попладнево го разреши шефот на државата Илир Мета, што е прв случај во трите деценискот плурализам во земјата. Во собраниската сала присуствуваа 114 пратеници и сите го остварија правото на глас. Претходно пратениците со еднаков број гласови го изгласаа извештајот на анкената комисија за […]

Бугарски воен авион падна в море при вежба во која учествува и српска војска


  Бугарски МиГ-29 се урна во Црното Море во текот на вежбата „Шабла 2021“, во која учествуваат и ловси на српското воено воздухопловство, објави РТС, повикувајќи се на официјални извори во Софија. Сите три српски авиони од истиот тип кои полетале во текот на вежбата безбедно се вратиле во базата „Граф Игњатиево“, соопшти бугарското министерство […]

Анкета во Бугарија: Партиите на Борисов и Трифонов речиси изедначени


Доколку сега се одржат изборите во Бугарија во новиот парламент повторно би влегле истите партии што беа во распуштеното собрание, со тоа што постои можност главните националистички партии да го поминат прагот откако се согласија за коалиција. Според анкетата на агенцијата „Алфа рисрч“, како што објавуваат бугарските медиуми, разликата меѓу ГЕРБ на Бојко Борисов и […]

Птичји грип во Албанија, болеста присутна во три жаришта


Во Албанија потврдени се првите случаи на птичји грип, соопшти министерството за земјоделство и рурален развој. -По анализата на примероците од сомнителни случаи кај домашни кокошки, во Институтот за безбедност на храна и ветеринарство (ISUV), потврдено е присуство на птичји грип тип H5N8. Болеста е присутна во три жаришта населени места, лоцирани во административните единици […]

Албанскиот парламент ќе гласа за разрешување на претседателот Мета


На денешната седница на албанскиот законодавен дом, пратениците треба да го усвојат извештајот на анкетната комисија за кршење на уставните надлежности од страна на претседателот Илир Мета и да гласаат за негово разрешување, што се случува за првпат во тридеценискиот плурализам во земјата. Во обемниот извештај од стотина страници, во кој се внесени транскрипти од […]

Почина дете во автомобил, таткото заборавил да го остави во градинка


Во заклучен автомобил во Книн, Хрватска, почина 5-годишно момче. Безживотното тело на момчето е пронајдено на паркинг. Се работи за петгодишно момче од Книн. Смртта на детето е шокантна сама по себе, но деталите се уште поужасни. Таткото, мајката и детето тргнале од дома со автомобил. Таткото, инаку војник, ја оставил мајката на работа, а […]

Столтенберг: Праведно е Младиќ да одговара за своите злосторства


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Хашкиот трибунал да ја потврди првостепената пресуда против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ. – Праведно е тој да одговара за своите страшни злосторства врз цивили, вклучувајќи убиство на илјадници босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година, се наведува во соопштението […]

ЕУ: Да се почитува одлуката на судот и да се промовира помирување на Балканот


Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оценија дека денеска изречената пресуда во Хаг против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ ќе „придонесе за излекување на сите кои страдале“. Во заедничкото соопштение, двајцата дипломати потсетуваат на жртвите и порачаа дека сочувствуваат со нивните семејства и преживеаните. Тие нагласија […]

Бајден: Историска пресуда против Младиќ


Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави денешната одлука на Жалбениот совет на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија со потврдувањето на првостепената пресуда против Ратко Младиќ, со која беше осуден на доживотен затвор, оценувајќи ја како „историска пресуда која покажува дека оние кои извршиле ужасно злосторствата ќе одговараат”, со надеж дека ќе ја почитуваат и […]

Рама: Албанија и Исланд со најмалку заразени во Европа


Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи се пофали дека според глобалното мерење, во последните две недели за намалување на бројот на заразени со Ковид-19, Албанија и Исланд, се двете земји со најмалку случаи на инфекции на Стариот континент. Рама го сподели двонеделниот графички приказ објавен на престижната веб-страница Ourworldindata.org, во врска со […]

Властите на Република Српска разочарани од пресудата за Младиќ – Хаг е антисрпски суд


Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, премиерот, Радован Висковиќ и претседателот на парламентот, Недељко Чубриловиќ остро ја критикуваа конечната пресуда на Хашкиот трибунал против поранешниот генерал на армијата на РС, Ратко Младиќ, кој го осуди на доживотен затвор за геноцид и злосторства против човештвото против несрбите за време на војната во БиХ. Претседателот Цвијановиќ за […]

Конечна пресуда – доживотен затвор за Ратко Младиќ


Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот Трибунал ја потврди денеска првостепената пресуда против воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во ноември 2017 година, виновен за најсериозните воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. Жалбениот совет […]

Попладнево ќе биде изречена правосилна пресуда за Ратко Младиќ


 Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг ќе ја објави второстепената пресуда против поранешниот комендант на Војската на Република Српска генерал Ратко Младиќ денеска во 15 часот, објавено е на веб-страницата на Механизмот. Судскиот процес против Младиќ трае 26 години, откако против него и Радован Караџиќ беше поднесено првото, тогаш обединето обвинение. Петчлениот […]

Во Словенија странски работници измамени за над два милиони евра во тек на осум години


Tројца словенечки државјани осомничени се за измама на 432 работници, претежно странски градежни работници, за најмалку 2,1 милиони евра помеѓу 2011 и 2019 година. На крајот на мај, криминалистичката полиција во Цеље заврши истрага за системско кршење на основните права на работниците, соопшти денеска Полициската управа на Целје, јави словенечката агенција СТА. Откриено е дека […]

Мицотакис: Набргу ќе се отвори дискусија за олеснувања, а не привилегии на вакцинираните


Го преферирам терминот олеснувања, а не терминот привилегии за слободите што може да ги имаат нашите вакцинирани сограѓани. Сметам дека оваа дискусија ќе се отвори набргу и ќе се отвори од страна на Владата од моментот кога сите наши сограѓани ќе имаат пристап до вакцините, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на средбата со […]