Во Србија 584, а во Хрватска 233 нови случаи на корона


Според официјалните податоци во последните 24 часа во Србија починале две лица од корона вирусот, со што вкупниот број се искачи на 7.135.

Пријавени се 584 позитивни случаи од направени 9.583 тестови. Вкупно се хоспитализирани 648 лица, од кои на респиратор се 14 пациенти.

Во Хрватска се забележани 233 нови случаи, а почина едно лица. Бројот на активните случаи е 1.201. Од нив хоспитализирани се 166 лица.