Османи ја разреши претседателката на ЦИК на Косово, Ваљдете Дака


Косовската претседателка Вјоса Османи ја разреши попладнево претседателката на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК), Ваљдете Дака, откако порано денеска беше објавено дека побарала оставка од неа, јави дописникот на МИА од Приштина. Во образложението на одлуката на Османи, кое го пренесоа косовските медиуми, се вели дека Дака, иако има одговорност за зачувување на непристрасноста […]

Бугарскиот премиер на средба со грчкиот амбасадор, разговарале за спорот со Македонија


Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Република Северна Македонија и ќе продолжи во оваа насока,  изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев за време на средбата со грчкиот амбасадор во Софија Димитрис Хронопулос. Според бугарската агенција БГНЕС, грчкиот амбасадор изразил разбирање за бугарската позиција. За време на средбата било нотирано […]

Косовската влада очекува годинава да биде економски најуспешна во последните две децении


Косовскиот министерот за финансии, труд и трансфер, Хекуран Мурати вели дека Владата предводена од Албин Курти очекува оти 2021 година ќе има „најдобри економски перформанси во последните две децении, од аспект на приходите, вработувањето и економскиот развој“, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи се на денешната седница на Собранието на Косово, посветена на економската […]

Продолжува масовната вакцинација во Србија, во Врање досега вакцинирани 4502 Македонци


Масовната вакцинација на македонските државјани продолжи и викендов во Србија, каде нашите државјани бесплатно се вакцинираат без пријавување само со потребните лични документи. Најголем број се упатуваат на вакцинација во Врање, каде на избор им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“. Според извештајот на Здравствениот дом во Врање, во саботата, на 12 јуни бројот на […]

Средба Мицотакис – Ердоган во Брисел


Прва тет-а-тет средба во Брисел ќе имаат попладнево претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, веднаш по завршувањето на НАТО самитот. Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на брифингот со новинарите во петокот истакна дека „каналите на комуникација со Турција треба да останат отворени“, а Грција се залага за конструктивен […]

Каракачанов осуден за омраза кон Ромите


Поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дискриминирал со неговата изјава против Ромите од 8 јануари 2019 година во пловдивското село Војводиново. Ова го одлучи Врховниот управен суд (ДКAC), објави бугарскиот Хелсиншки комитет. Одлуката е конечна, јавуваат бугарските медиуми. Причината за случајот е оваа изјава на Каракачанов: „Циганите во Бугарија станаа крајно безобразни. […]

Грција испрати во Албанија 20.000 вакцини Астра Зенека


Од Грција за Албанија денеска заминаа 20.000 вакцини Астра Зенека, соопштија, преку социјалните мрежи, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека заедно со Министерството за надворешни работи на Грција промовираат споделување на вакцини „бидејќи во борбата со Ковид-19 заедно сме посилни“. На почетокот на месецов, портпаролката на […]

Брнабиќ: Со Курти нема разговори и договори


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека со премиерот на Косово, Албин Курти, „нема разговори и договори и нема да има ниту заеднички договор“, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ повтори дека состанокот во Тирана пред неколку дена бил „многу бурен и тежок“ и дека станува збор за подготвителен состанок за 15 јуни во […]

Продолжени актуелните правила за влез во Грција


Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука на грчката Влада во која актуелните правила се продолжени за уште една седмица, односно до 21 јуни 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Невреме во Грција, еден загинат во Солун


Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек […]

Во првиот квартал од годината албанските иселеници испратиле 169 милиони евра


Во првиот квартал од годинава забележан е раст на депозитите на албанските иселеници за 11 отсто, споредено со истиот период минатата година Според Централна банка на Албанија дознаките изнесуваат 169 милиони евра, што е за 17 милони повеќе во однос на споредбениот период, кога изнесувале 150 милиони. -Пандемијата услови иселениците да користат се повеќе и […]

Грција: Музиката се враќа во угостителските објекти, пократок и полицискиот час


Од денеска музиката повторно се враќа во угостителските објекти во Грција, а полицискиот час е пократок и ќе почнува во еден часот и 30 минути, наместо 30 минути поп полноќ како што беше досега, во рамките на дополнителното олабавување на мерките во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Со измените во полицискиот час, се […]

Рама: Албанија членка на Советот за безбедност на ОН, честитки од Сореца и Ким


Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер објави дека неговата земја е избрана за привремен член на Советот за безбедност во Обединетите нации, нарекувајќи ја добра вест. – Добра вест. Со 175 гласови од 117 потребни, Албанија штотуку е избрана за членка на Советот за безбедност на ООН за 2022-2023 година, напиша Рама. Веднаш реагираше евроамбасадорот […]

Кога ќе се подели ГЕРБ на Борисов? Драмата допрва започнува


Со Бојко Борисов тешко, без него уште потешко – во ваква дилема се членовите и раководството на ГЕРБ по објавувањето на санкциите на САД   Не може гласачите и портпаролите на ГЕРБ да не забележале дека партијата има акутен, сериозен и долгорочен проблем: тоа е персоналистичка партија создадена од и за нејзиниот лидер Бојко Борисов, […]

В понеделник тет-а-тет Мицотакис- Ердоган, Атина се надева на мирно лето во грчко-турските односи


Цврста позиција на Владата и на премиерот е дека каналите на комуникација со соседната земја треба да останат отворени. Ние сме за конструктивен дијалог, секогаш базиран на меѓународното право и со целосно почитување на меѓународните обврски што ги има преземено секоја земја, истакна портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, […]

Нов директор на аеродромот во Црна Гора ќе биде Македонец – Горан Јандреоски


Горан Јандреоски, кандидат од Македонија, е избран за нов извршен директор на Аеродромот во Црна Гора, поради, како што соопшти компанијата, богато работно искуство во воздухопловството. „Комисијата, што се состоеше од членови на Управниот одбор на аеродромот и претставник на Министерството за капитални инвестиции, го избра Јандреоски по конкурс и интервјуто, врз основа на неговата […]

Палмер: ЕУ итно да го врати својот кредибилитет и да покаже сериозност со Западен Балкан


Претставникот на САД за Балканот, Метју Палмер изјави денеска дека доследна американска визија за Западен Балкан е онаа која овој регион го гледа посветен на евроинтеграциите и во мир со сите соседи. – Се надевам дека тоа не е само визија која ја имаат САД и ЕУ за овој регион, туку е визија и која […]

Весли Кларк: Ако Милошевиќ го прифатеше Рамбује, НАТО немаше да реагира


Прифаќањето на договорот на Рамбује на тогашното југословенско раководство, најверојатно, би довело до неспроведување на операцијата на Северно-атлантската организација (НАТО), изјави за Гласот на Америка пензионираниот генерал Весли Кларк, поранешен командант на европските сили на НАТО. Интервенцијата на Алијансата, почна на 24 март 1999 година, и претходеа судири меѓу тогашните воени сили на СРЈ и […]

Бугарите најчесто во ЕУ наседнувале на купување фалсификувана стока


Бугарите најчесто во ЕУ биле подведувани да купуваат фалсификувана стока. Ова го објави канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост, повикувајќи се на сопствено истражување. Според истражувањето, во Бугарија секој петти човек (19 отсто) купувал фалсификат, за разлика од просекот во ЕУ – девет проценти. Во исто време, само шест отсто од анкетираните Бугари велат дека […]

Генерален штрајк во Грција поради новиот закон за работни односи


Синдикатите на вработените во јавниот и приватниот сектор во Грција, од утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира земјата, а ќе создаде проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за штрајкот е новиот закон […]