Во Бугарија расте бројот и на заразени и на починати


Вакцинирање во Софија

Како и секаде во регионот и во Бугарија бројката на заразени од корона вирусот повторно расте од ден на ден. Во изминатите 24 часа регистрирани се 500 нови инфекции, а ден претходно беа 429. Голем скок има кај починатите – вчера беа 14, а ден претходно четири. Вкупниот број на починати е 18.243.

Вакцинацијата и натаму се движи со бавно темпо. Вчера биле администрирани 12.520 дози. Бугарија има најмалку имунизирани лица во ЕУ – две дози примиле еден милион, што изнесува 14,2 отсто од популацијата.