Брнабиќ: Во Србија вакцинирани 50,1 отсто од полнолетните граѓани


Србија– Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на својот Твитер налог објави дека 50,1 отсто од полнолетните граѓани или 2.705.458 лица се вакцинирани во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. -Поминавме 50 отсто од вакцинирани полнолетни граѓани -моментално 50,1 отсто (2.705.458 вакцинирани). Сурчин, Чуприја, Прешево, Врчац и Прокупље се приклучија на групата од 58 […]

Критично во Турција: Пожар зафати и термоцентрала


Термоцентралата на јаглен и околните места се целосно евакуирани бидејќи огнот не може да се запре. Дури и Ердоган рече дека електраната ќе изгори   Електрана на јаглен во југозападна Турција и околните станбени области се евакуирани во средата вечерта, бидејќи пламенот од пожарот стигна до централата, изјавија градоначалник и локални новинари, додека се слушаат […]

Над 220 заболени и еден починат од Ковид-19 во Косово во изминатите 24 часа


Во Косово изминатите 24 часа се извршени 3.160 тестирања со методот РТ-ПЦР, од кои како заразени резултирале 221 лице, што е највисока бројка на новозаболени од Ковид-19 уште од крајот на април годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Минатото деноноќие е регистриран и еден смртен случај како последица на Ковид-19, така што вкупната бројка […]

Белград му прави лоша „услуга“ на Новак Ѓоковиќ


Градските власти го издаваат под закуп големиот спортски центар по услови кои може да ги исполни само фирмата на семејството на Новак Ѓоковиќ   Тендерот за закуп на големиот спортски центар во Белград бил така подготвен за да може да го добие само една фирма – онаа на семејството светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ, […]

Бројот на заразени со корона вирусот во Србија во пораст, денес 487 позитивни


Во последните 24 часа, тестирани се 10.710 лица за корона вирус во Србија, од кои 487 се позитивни, додека, за жал, две лица починаа, јавија српските медиуми. Има и седум пациенти на апарати за дишење. Вчера од вкупно 11.076 тестирани 424 беа позитивни, додека пет лица починаа. Девет лица беа на апарати за дишење. Во текот […]

Прва жртва на пожарите во Косово


Едно лице загина во пожар во Ново Село, на околу 50 километри од Приштина, како последица од густиот чад, соопшти косовската полиција. Станува збор за маж, кој најверојатно влегол во штала која била зафатена од пожарот и се задушил. Жртвата била пренесена в болница без знаци на живот. Портпаролот на Агенцијата за управување со вонредни […]

Расте гневот во Турција против владата околу справувањето со пожарите


Многумина го оценуваат одговорот на владејачката партија на Ердоган како надвор од реалноста додека пожарите беснеат веќе седми ден   Луѓето низ Турција бараат одговори како летните пожари толку очајно излегоа од контрола, по седум дена по ред невообичаено жестоки огнови кои продолжуваат да пламтат на југот и западот на земјата. Осум лица, меѓу кои […]

Бугарското Министерство за здравство бара граѓаните да се воздржат од патувања во Грција, Кипар и Турција


Бугарија–  Поради сложената епидемилошка ситуација и високите стапки на морбидитет на 100.000 луѓе пријавени во последните 14 дена во земји блиски до Бугарија, бугарското Министерствотза здравство им препорачува на своите граѓани да се воздржат од непотребни патувања во Грција, Кипар и Турција. Со оглед на динамичната состојба во врска со ширењето на коронавирусот, Министерството апелира […]

Хрватска со 271 новозаразени денеска


  Во изминатите 24 часа во Хрватска забележани се нови 271 случај со корона вирус, а бројот на активни случаи изнезува вкупно 1.147. Од нив 153 пациенти на болничко лекување со 12 на респиратор. Денеска нема регистриран смртен случај од Ковид-19. До денеска забележани се вкупно 364.244 заразени, а има 8.267 починати од последиците на […]

Бугарија: Службениот премиер како професор – прашува како се одредувале кандидатите за министри


Привремената влада во Бугарија, чија основна задаче е да ги организира изборите кога нема редовен кабинет, во целата неизвесна политичка ситуација изгледа дека презема некои улоги што не ѝ се во делокругот. Па така, денеска, пред редовната седница на кабинетот, службениот премиер Стефан Јанев пред новинарите ги постави прашањата: „Кој ги поставува приоритетите? Кој ги […]

Во Грција измерени 46,3 степени Целзиусови – најмногу во историјата на земјата


Грчкиот град Макракоми во регионот Фтиотида забележа највисока температура во историјата на земјата.Метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина (НОА) регистрираше 46,3 степени Целзиусови, пишува Грик репортер.Оваа температура, освен во Грција, беше највисока во Европа во понеделникот. Поради високите температури, Грција е погодена од серија големи пожари.Грчките пожарникари не успеаја да го локализираат џиновскиот пожар […]

Во Турција изгаснати 152 пожари


    Во Турција се згаснати 152 пожара, а продолжуваат напорите за гаснење на уште 11, изјави министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли. Министерот соопшти дека во борбата против пожарите се вклучени 16 авиони, девет беспилотни летала, 51 хеликоптер, градежна опрема и 5.200 луѓе, пренесе Анадолија. Од пожарите директно се погодени 2.219 земјоделци во […]

Познатиот новинар и воен аналитичар, Мирослав Лазански, почина на 71 година


Српскиот амбасадор во Русија, долгогодишниот новинар и воен аналитичар Мирослав Лазански почина во Белград на 71 година. Лазански е роден во 1950 година во Карловац. Дипломирал на Правниот факултет во Загреб, каде што ја започна својата новинарска кариера во хрватските магазини и весници. Прво во „Полет“, подоцна во „Вјесник“, „Старт“, „Данас“. Потоа, кога Југославија се […]

Огромен пожар се приближи до предградија на Атина


Грција – Пожарникари во Грција не можеа да го спречат исклучително големиот пожар што се приближи до северни предградија на Атина денеска, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители во бегство. „Напуштете ги своите домови веднаш“, ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија. Жителите добија предупредувања и СМС […]

Во Грција измерени рекордни 46,3 степени Целзиусови


Грција-Грчкиот град Макракоми во регионот Фтиотида забележа највисока температура во историјата на земјата. Метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина (НОА) регистрираше 46,3 степени Целзиусови, пишува Грик репортер. Оваа температура, освен во Грција, е највисока во Европа измерена вчера

Петмина починаа поради Ковид-19 во Србија, регистрирани уште 424 случаи


  Во последните 24 часа во соседна Србија како последица на Ковид-19 починаа пет пациенти, а регистрирани се 424 нови случаи. Само во Белград има 113 новозаразени. Според официјалните податоци, досега во земјата од корона вирус починале 7.127 луѓе. Потврдени се вкупно 723.031 случаи на зараза. Во болница се лекуваат 488 луше, а на респиратор […]

Десетици пожари во БиХ, повредени тројца пожарникари


  Тројца пошарникари во Мистар побарале лекарска помош по гасењето на десетина пожари клои во последните денови горат на подрачјето на Херцеговина и голтаат големи површини со шума и ниски растенија. Од пожарите загрозени се куќи и стопански објекти. Еден од пожарникарите има изгореници на прстите, додека двајцата други се надишале чад. По укажаната лекарска […]

Европски медиуми за иницијативата „Отворен Балкан“


Белгија – Европски медиуми констатираа дека почна создавањето на економскиот шенгенски простор на Западен Балкан, преку иницијативата „Отворен Балкан“, истакнувајќи дека лидерите на Албанија, Северна Македонија и Србија се обидуваат да го постигнат тоа бидејќи веруваат дека перспективите на регионот за членство во ЕУ остануваат неизвесни, јави Бета. Додека претставници на ЕУ во Брисел посочуваат дека […]

Партијата на Трифонов го објави списокот на министрите, Ради Најденов е шеф на дипломатијата


Мандатарот за новата бугарска влада, Пламен Николов, денеска го објави списокот на министрите на владата на партијата Има таков народ (ИТН). Според пишувањето на бугарските медиуми, новата влада е составена главно од партиски фигури на ИТН, а во неа се наоѓа и претходниот мандатар Петар Илиев, чие име беше повлечено поради критиките дека неговата докторска […]

Вучиќ: Србија е подготвена да ги прати своите хеликоптери за гасење на пожарите во Северна Македонија


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, што и се предвидува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, како и тоа дека не го интересира што поединци на Запад мислат за таа иницијатива, ако таа е добра за Србија, […]