Бугарија: Службениот премиер како професор – прашува како се одредувале кандидатите за министри
Привремената влада во Бугарија, чија основна задаче е да ги организира изборите кога нема редовен кабинет, во целата неизвесна политичка ситуација изгледа дека презема некои улоги што не ѝ се во делокругот. Па така, денеска, пред редовната седница на кабинетот, службениот премиер Стефан Јанев пред новинарите ги постави прашањата: „Кој ги поставува приоритетите? Кој ги одредува позициите во потенцијалниот нов кабинет, во процесот на неговата изградба и формирање?“
Според она што го јавуваат бугарските медиуми, тој ги поставил овие прашања бидејќи граѓаните имале право да знаат што се случува и да ја разберат логиката на водење политички консултации и како тие ќе доведат до работно парламентарно мнозинство.
Јанев изјави дека одговорите на овие прашања бил важни поради поврзаноста помеѓу политичките партии, политичката застапеност и граѓаните – нивните гласачи. Според него, оваа врска мора да биде јасна, ефективна и да постои.
Оние кон кои тој ги упатуваше прашањата се во јавни и тајни консултации за изборот на новата влада. Партијата има таков народ денеска најави дека нема како минатиот пат да го врати мандатот кај претседателот Румен Радев, туку предложениот кабинет ќе го стави на гласање во парламентот и со тоа работите да ги изведе на чистина – кој е за промени во општеството, а кој е против. Сите партии се во трескавични калкулации за тоа колку би можеле да добијат, а уште поважно – да изгубат доколку не ја поддржат предложената влада на Има таков народ. (Н.В.)