Најмалку 145 лица загинаа, откако се преврте автобус во Турција


Најмалку 14 лица загинале, а 18 биле повредени во сообраќајна несреќа која се случила во западната турска провинција Балиекесир.

Несреќата се случила кај дистриктот Ердемит, каде се превртел патнички автобус кој возел на релација Измир – Зонгулдак.

На местото на несреќата животот го загубиле 11 лица, а уште три повредени лица починале на пат до болница.

Уште 18 лица биле повредени и сите се згрижени во пет болници.

Истрагата за причината за несреќата е во тек, а гувернерот на Балиекесир, Хасан Силдак ги посетил повредените и за “AA” изјавил дека меѓу нив има и лица кои ќе бидат подложени на оперативни зафати.

“Немаме уште информации за причините на несреќата, но се случила на место каде има кривина. Можно е возачот да изгубил контрола на таа кривина. Во тек се увиди”, вели Силдак.