Турција нема ни еден противпожарен авион, а Ердоган има 13 во сопствената флота


Со топлотниот бран што донесе рекордни температури, десетици пожари ги опустошија живописните шуми на турската ривиера и им се заканија на крајбрежните градови Анталија, Бодрум и Мармарис. Додека туристите и локалните жители бегаат, понекогаш со својот добиток, плодното земјоделско земјиште станува уништено.

Ништо не е пострашно од гледање како гори древна шума. Веќе соочена со економски пад и голем прилив на бегалци, Турција доживува неподносливо деморализирачко поглавје во својата историја.Но, подеднакво застрашувачко поглавје е занемарувањето и погрешна распределба на ресурсите. Излезе дека, иако постојано се фали со својата воена моќ и регионални амбиции, турската влада е целосно неподготвена за природна катастрофа. Оваа земја од 85 милиони жители немаше ниту еден оперативен противпожарен авион (изнајми три од Русија). Споредете го тоа со 39 противпожарни авиони во инвентарот на Грција.

Додека граѓаните и пожарникарите херојски се бореа со огнот, владата изгледаше неефикасна. Опозициските политичари посочија дека сопствената флота на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има 13 авиони. Во услови на зголемени критики од јавноста и опозицијата, Ердоган призна дека Турција нема функционални противпожарни авиони и мора да ги прифати понудите за помош од Украина и Русија, како и од Европската унија.Така, додека пожарите беснееја седми ден по ред, благодарение на надворешната поддршка, пламенот делумно беше ставен под контрола. (Вашингтон пост)