Црна Гора со 218, Србија – 152, Косово со 98 новозаразени


  Во Црна Гора во последните 24 ласа од анализирани 649 примероци, регистрирани се 218 новозаразени со корона вирус, а забележани се два смртни случаи. Најмногу новозаразени има во Подгорица – 84, а оздравеле 143 пациенти. Активни се 3.992 случаи. Во Србија пак, денеска се забележани 152 нови случаи на коронавирус. Две лица починале од …

Црна Гора со 218, Србија – 152, Косово со 98 новозаразени Read More »

Кипар го укинува „златниот пасош“ за богатите странски инвеститори


Кипар денеска ја укина профитабилната програма за доделување државјанство на богати странски инвеститори, по обвинувањата дека висок владин службеник и поранешен пратеник биле вклучени во обид да се заобиколат строгите правила и да се издаде пасош на имагинарен инвеститор за кој се смета дека имал криминално досие. Портпарол на Владата на Кипар, Кирјакос Кусиос, рече дека Кабинетот на премиерот ја прифатил …

Кипар го укинува „златниот пасош“ за богатите странски инвеститори Read More »

Вучиќ вели дека не е лесно да се штити пријателството со Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера (12 октомври) рече дека не е секогаш лесно да се заштити пријателството на неговата земја со Кина со оглед на начинот на кој другите сили гледаат на нејзиниот економски подем. Но, тој вети дека Србија ќе продолжи да гради „искрено пријателство“ со Кина со „зачувување на слободата на избор“. Изјавата …

Вучиќ вели дека не е лесно да се штити пријателството со Кина Read More »

Бугарија со црн рекорд: Починаа 23 пациенти со Ковид-19


Нов црн рекорд по бројот на смртни случаи е забележан во Бугарија, каде што 23 лица ја загубија битката со болеста, со што вкупниот број на жртви достигна 915 лица. Новозаразени се 587 луѓе од извршени 4.320 ПЦР-теста. Во болниците се хоспитализирани 1.221 заразено лице, а 65 од нив се сместени на одделенија за интензивна …

Бугарија со црн рекорд: Починаа 23 пациенти со Ковид-19 Read More »

Босна и Херцеговина и Хрватска пријавија над 300 нови случаи со Ковид-19


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се 336 нови случаи со корона виурс. Починаа 11 пациенти. Од нив 228 се заболени во Федерацијата, а 106 од Република Српска, како и двјца од Дистриктот Брчко. Десетмина од починатите се од Федерацијата, а еден од РС. Во Хрватска пак регистрирани се 372 нови …

Босна и Херцеговина и Хрватска пријавија над 300 нови случаи со Ковид-19 Read More »

На обвинетите од Златна зора им се заканува 13 години затвор


На лидерот на Златна зора и на шесттемина поранешни пратеници да им биде одредена затворска казна од 13 години, предложи надлежната обвинителка на денешното рочиште, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно Кривичниот закон, казните за формирање криминална организација се од пет до 15 години затвор. Предлозите на обвинителката за прогласените за виновни за учество …

На обвинетите од Златна зора им се заканува 13 години затвор Read More »

Кривокапиќ: Црна Гора ќе добие нова влада до 10 или 11 ноември


Мандатарот за црногорски премиер Здравко Кривокапиќ денеска најави дека новата влада ќе се формира до 10. или 11 ноември. – Немаме многу време и треба да добиеме нова влада до 10-ти или 11-ти за да се справиме со многу проблеми, изјави Кривокапиќ за ТВ Прва. Тој повтори дека ќе има експерти на клучни позиции во …

Кривокапиќ: Црна Гора ќе добие нова влада до 10 или 11 ноември Read More »

Во Србија падна снег


Првиот снег во соседна Србија есенва падна на исочините над Пријепоље. Дописникот на „Новости“ ги забележа првите бели кадри на Јабука, на 1.250 метри надморска височина. Има неколку сантиметри снег, тепмературата е -1 степен Целзиусот, а снег има и на коловозот, пишува весникот. Снег утрово има и на Златар, како и на Нова Варош и …

Во Србија падна снег Read More »

Надлежната обвинителка ќе ги предложи казните за раководството и членовите на Златна зора


Грција– На денешното 458-мо рочиште од почетокот на судскиот процес против Златна зора, надлежната обвинителка се очекува да ги соопшти предлозите за висината на казните за обвинетите поранешни пратеници, членови, но и лидерот на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. По предлогот на обвинителката за казните, збор повторно ќе имаат адвокатите на осудените, а …

Надлежната обвинителка ќе ги предложи казните за раководството и членовите на Златна зора Read More »

Во Грција заразени уште 295 луѓе, седум пациенти починаа


  Во Грција во последните 24 часа потврдени се нови 295 случаи со Ковид-19, додека од последиците на болеста починаа уште седум пациенти. Меѓу новопотврдените 40 случаи се на граничните премини, а 48 се поврзани со познати кластери, пренесе АНА. Во Грција од почетокот на пандемијата со корона вирус заразени се 22.652 луѓе, а починаа …

Во Грција заразени уште 295 луѓе, седум пациенти починаа Read More »

„Турски тек“ до крајот на годината со гас ќе ги снабдува Србија, Бугарија, БиХ и Унгарија


Србија– Првиот човек на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави дека гасоводот „Турски тек“ ќе биде подготвен до крајот на годината да ги покрие потребите на Бугарија, Србија, БиХ и Унгарија, јави допсиникот на МИА од Белград. -„Турски тек“ ќе биде завршен најдоцна до крајот на годината и со тоа ќе може да се снабдуваат Бугарија, Србија, …

„Турски тек“ до крајот на годината со гас ќе ги снабдува Србија, Бугарија, БиХ и Унгарија Read More »

Нови 185 заболени од Ковид-19 во Босна и Херцеговина


Во Босна и Херцеговина последното деноноќие регистрирани се 185 случаи со корона вирус, а починаа осум пациенти. Во Федерацијата забележани се 82 новозаразени, од тестирани 888, додека шестмина починаа или вкупно 591. До денееска излечени се 16.263 пациентиpa во Федрацијата. Активни се 3.171 случаи. Во ДИстриктот Брчко регистриран е еден нов случај. Во Република Српска …

Нови 185 заболени од Ковид-19 во Босна и Херцеговина Read More »

Србија со 67 новозаразени, две лица починаа


  Во Србија во последното деноноќие регистрирани се нови 67 случаи со корона вирус. Двајца пациенти починаа. Тестирани се 5.263 примероци. Во болница се лекуваат 326 пациенти, а 20 се на респиратор. Досега во Србија се направени 1.199.799 тестови, а вкупно се потврдени 34.854 заразени.

Советот на Европа бара од Бугарија да отвори дијалог со  малцинствата


– Бугарија постигна напредок во примената на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, го зајакна своето законодавство за недискриминација, го поддржа образованието на децата Роми и ги бранеше верските права, оценуваат експертите на Советот на Европа. Сепак, според нив, правната рамка во врска со остварувањето на културните, јазичните и партиципативните права на малцинствата останува …

Советот на Европа бара од Бугарија да отвори дијалог со  малцинствата Read More »

Напаѓачот во Загреб е 22-годишно момче, остави порака на Фејбук


Нападот на зградата на институциите на Република Хрватска во Загреб, при што е тешко ранет полицаец го изврши 22-годишно момче, кое кусо по пукањето изврши самоубисто, јавија хрватските медиуми.. Се работи за Даниел Безук. Како што соопштија од Министерството за внатрешни на работи на Хрватска, напаѓаот не ѝ бил познат на полицијата од порано. „Можен …

Напаѓачот во Загреб е 22-годишно момче, остави порака на Фејбук Read More »

Во Албанија за два дена откриени 150, а од почетокот на гoдинава 8.500 мигранти


На територијата на Албанија од почетокот на годинава откриени се над 8.500 илегални мигранти главно државјани на Сирија, потоа од Авганистан и од Мароко. Нивна цел била само транзит да минат низ оваа земја и да го продолжат патот кон некоја од западно европските земји. Од вкупнот број откриени мигранти 2.500 побарале азил во Албанија, …

Во Албанија за два дена откриени 150, а од почетокот на гoдинава 8.500 мигранти Read More »

Хрватска со нови 181 случај со корона вирус


  Во последните 24 часа забележани се 181 нов случај со корона вирус во Хрватска, а бројот активни случаи се искачи на 2.712. Меѓу нив 404 се на болничко лекување, од кои 27 на респиратор. Починаа тојца пациенти. Од почетокто на епидемијата до денеска во Хрватска од Ковид-19 заболеа 20.621 лица, од кои 327 починаа, …

Хрватска со нови 181 случај со корона вирус Read More »

Албанија втора по баратели на азил во ЕУ


Албанија е на второ место по баратели на азил според бројот на жители, веднаш зад Сирија, објавија албанските медуми повикувајќи се на Европската канцеларија за азиланти. Според податоците на канцеларјата, Албанија има 18 апликации на 100.000 жители. – Во април и мај има пад на барањата за азил, но затоа пак нивниот број се зголемува …

Албанија втора по баратели на азил во ЕУ Read More »

(Фото/Видео)Снегот направи проблеми во Словенија


Влажен снег, дожд и ветар предизвикаа големи проблеми во текот на ноќта во повисоките делови од северните региони на Словенија, како во Корушка. Заради тоа, сопрен е локалниот сообраќај, вели Бранко Градишник, шеф на Планинарската служба. На некои места невремето било толку силно што туркало дрвја, пренесува СТА, а некои патишта и понатаму се затоврени …

(Фото/Видео)Снегот направи проблеми во Словенија Read More »

Вооружен инцидент пред зградата на хрватската Влада


Хрватска– Во Загреб пред зградата на хрватската Влада утрово е повреден полицаец од огнено оружје, а хрватските медиуми објавија дека напаѓачот се самоубил. – Полициските службеницви на адреса во Јабуковац пронајдоа лице кое одговара на описот на напаѓачот, лицето изврши самоубиство, соопшти полицијата по инцидентот. Повредениот полицаец со возило на брза помош е однесен во …

Вооружен инцидент пред зградата на хрватската Влада Read More »