Нови 185 заболени од Ковид-19 во Босна и Херцеговина


Во Босна и Херцеговина последното деноноќие регистрирани се 185 случаи со корона вирус, а починаа осум пациенти.

Во Федерацијата забележани се 82 новозаразени, од тестирани 888, додека шестмина починаа или вкупно 591.

До денееска излечени се 16.263 пациентиpa во Федрацијата.

Активни се 3.171 случаи.

Во ДИстриктот Брчко регистриран е еден нов случај.

Во Република Српска заразени се нови 102, а две лица починаа.