Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Грција, соопшти американскиот Геолошки завод. Епицентарот бил на 60,8 километри југозападно од островот Кос во Егејското Море, каде живеат околу 19.000 луѓе, на длабочина од 11 километри. Засега нема информации за повредени и евентуална материјална штета. 

Шумски пожар на Пелопонез – пет лица се повредени, десетина куќи изгореа


Грција–  Во големиот шумски пожар што избувна на Пелопонез кај Патра, пет лица се повредени, а десетина куќи се изгорени, соопшти грчката цивилна заштита. Повредените имаат проблеми со дишењето и се префрлени во блиските болници, се наведува во соопштението. Болниците во Патра и соседните градови се во состојба на готовност, како и крајбрежната стража од […]

Над 400 повредени во големите пожари во Турција


Бројот на повредени во шумските пожари во јужна Турција надмина 400 лица, изјави шефот на републичкото Министерство за здравство, Фахретин Коџа. Претходно, беше соопштено дека шест лица загинаа, а 185 биле повредени во пожарите. „Во моментов имаме 410 лица повредени во пожарите. 400 луѓе се отпуштени од болница, 10 се хоспитализирани”, напиша Коџа на Твитер. […]

Аваз: Пожар над хотел во Бодрум каде се сместени туристи од БиХ и Србија


БиХ– Пожар избувна во турското летувалиште Бодрум над хотелот, во кој се сместени туристи од Босна и Херцеговина и Србија, објави сараевскиот „Аваз“. Еден од туристите испратил фотографии до овој сараевски портал, на кои се гледа густ чад што избил над хотелот „Diamond of Bodrum“, наведувајќи дека туристите се во паника.   Тој наведе дека […]

Во Словенија се зголемува бројот на новозаразени со корона вирус


Поради забрзаното ширење на позаразната делта варијанта на корона вирусот, бројот на новозаразени во Словенија оваа недела е за 45 проценти поголем од претходната и највисок во последните седум недели. Во последните 24 часа тестирани се 1.673 граѓани на Словенија, од кои 135 се позитивни, т.е. 8,1 проценти, што е за цел процент повеќе од […]

Распишан тендер што е прв чекор кон изградба на брзата пруга Белград-Северна Македонија


Инфраструктура на железниците на Србија и Делегацијата на Европската унија во Србија објавија тендер за работи за изградба на тунел број 4 на делницата Сталаќ-Ѓунис, на пругата Белград-Ниш, во општина Чичевац, што преставува прв чекор кон изградбата на брзата пруга Белград-Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Опсегот на работи вклучува изградба на едноканален […]

Во Турција активни десет шумски пожари


Турција– Турските пожарникари трет ден се борат со шумските пожари. Десет пожари се уште се активни, вклучително и три во реонот на летувалиштето Анталија. Од 98 пожари што избувнаа во средата во различни региони, 88 се ставени под контрола. Гаснењето на огнот на брегот на Средоземно Море е отежнато од силните ветрови. Голем број региони […]

Брнабиќ: Иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува регионот да има иднина


Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Иницијативата „Отворен Балкан“ ќе му овозможи на овој регион да има поинаква иднина, ќе овозможи поврзување на луѓето во регионот на сосема поинаков начин, поврзување на економијата и поинаков, многу подинамичен економски раст и развој, јави дописникот на МИА од Белград. -Некаде имате критика дека тоа е иницијатива што […]

Пожар во албанското летувалиште Ксамил


Албанија– Пожар вчера попладне избувна во близина на албанското летувалиште Ксамил. Зафатени се трева и нискостеблеста шума на тешко пристапно подрачје. На терен беа пожаникари кои заедно со локалното население го локализираа пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи […]

Нагло скокна бројот на заразени во Србија


Во последните 24 часа во Србија од корона вирус заблени се 353 лица, од 10.088 тестирани, додека истовремено починаа две лица. На респиратор се 11 пациенти. Во соседно Косово пак, за 24 часа вирусот е потврден кај 70 лица, и има еден смртен случај од последиците од болеста. Според косовското министерство за здравство тестирани биле […]

Се стопли и морето во Грција


Морето во Грција е толку топло деновиве што не разладува, јавуваат туристите во оваа земја прикачени на вибер групата Грцијаинфо. Според нивните оценки вака топло морето во Грција не било последните 10 години, а температурите на водата денес на плажите во Никити, Вурвуру и Псакудија била 29 степени, а само степен постудено била во Хањоти, […]

Во Германија се преврте српски автобус, 19 се повредени


На германскиот автопат A13 во сојузната држава Бранденбург, се преврте автобус од Србија со 34 патници, од кои 19 се повредени. Тешко повредените се пренесени во болница во Котбус и Берлин, пишува Билд. Според првичните информации, станува збор за автобус од Србија кој превезувал државјани на Германија, Шведска, Израел и Србија. Според медиумите, автобусот бил […]

Земјите од регионот на прагот на демографски пропаст


Земјите од регионот веќе немаат време во напорите да го запрат демографскиот пад. Сериозни чекори на сите нивоа мораа да бидат иницирани, бидејќи сите општествени процеси се доведени во состојба на напнатост и веќе утре може да доведат до целосен демографски колапс. Со следење на податоците за природниот прираст во Црна Гора, утврдено е дека […]

„Има таков народ“ денес ќе го објави кандидатот за премиер


Пратеникот од бугарската политичка партија „Има таков народ“ која доби најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, Станислав Балабанов, објави дека денеска ќе биде познат нивниот кандидат за премиер на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа политичка партија очекува парламентарна поддршка од „Демократска Бугарија“ и „Стани БГ! Доаѓаме”. Претседателот на државата Румен […]

Се шири листата на острови во Грција на кои им се закануваат мерки против Ковид


Заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас истакна дека популарните дестинации, како што се Иос и Миконос, се на работ да бидат ставени под нова рунда ограничувања. Говорејќи за телевизијата АНТ1  Хардалиас подвлече дека ситуацијата на двата острови е на граница. Миконос беше особено загрижувачки бидејќи се откриени и варијантите на „Ковид“  на островот. Тој додаде […]

Грција се подготвува за најтешкиот топлотен бран од 80-тите


Грција се подготвува за потенцијално најтешкиот топлотен бран од средината на 80-тите години. Температурите би можеле да се искачат на 44  Целзиусови степени во континентална Грција во следните неколку дена, според билтенот за вонредни состојби издаден од Националната метеоролошка служба (ЕМИ) во четвртокот. Иако се вели дека топлотниот бран се очекува да достигне врв на […]

Во пожарите во Турција досега загинаа четири лица, евакуирани стотици лица


Едно лице загина во пожарот кој вчера попладне почна во турскиот туристички град Мармарис во провинцијата Мугла и кој се уште не е ставен под контрола. Со тоа бројот на жртви од повеќедневните пожари во Турција се искачи на четири лица. Во Мармарис загина мотоциклист, кој обидувајќи се да побегне од пожарот, останал заробен од […]

Тројца загинати во шумските пожари на југот на Турција


  Три лица загинаа во шумските пожари во близина на туристичките места на југот на Турција, а десетици села се евакуирани, јавија турските медиуми. Пожарите во шумите на Манавгат, Аланија, Адана, Мерсин, Бодрум и Мармарис, во близина на туристичките места во јужна Турција, брзо се проширија во населените места поради силните ветрови. Турскиот министер за […]

ЛГБТ стигна и на Триглав, заедно со Михаел Рот


Највисоката планина во Словенија не е само за достоинственици со хеликоптери – тоа е пораката од врвот Триглав од тим на социјалдемократите, вклучително и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот. ЕУ „ЕУ е Унија на еднаквост и ЛГБТ зона на слобода. Секогаш. Насекаде“, напиша тој на Твитер, заблагодарувајќи им се на европратениците Тања Фајон […]

Во Хрватска една третина од здравствените работници не се вакцинирани


Хрватска – Од 74.260 здравствени работници во Хрватска, 32,33 проценти од оние кои работат со пациенти секој ден не примиле ниту една доза од вакцина против Ковид-19, објави Јутарњи лист. Како што се наведува, 63,41 отсто од здравствените работници биле вакцинирани со првата доза, додека 57,85 проценти биле целосно вакцинирани. Повеќето лекари биле вакцинирани со првата […]