Најмалку едно лице загина, а 62 се повредени во пожарот во Анталија


Најмалку едно лице загина во пожар во близина на туристичкиот град Манавгат во Анталија, Турција, соопштија властите. Според Си -Ен -Ен, 62 лица побарале лекарска помош. Десет лица се заробени во шумскиот пожар што втор ден беснее во јужна Турција, соопшти денеска турскиот министер за земјоделство Бекир Пакдемирли, додека продолжуваат напорите за спасување и гаснење. […]

Во Хрватска една третина од здравствените работници не се вакцинирани


Од 74.260 здравствени работници во Хрватска, 32,33 проценти од оние кои работат со пациенти секој ден не примиле ниту една доза од вакцина против Ковид-19, објави Јутарњи лист. Како што се наведува, 63,41 отсто од здравствените работници биле вакцинирани со првата доза, додека 57,85 проценти биле целосно вакцинирани. Повеќето лекари биле вакцинирани со првата доза, […]

Поставен и последниот сегмент од мостот Пељешац (видео)


Последниот, 165. сегмент од мостот Пељешац, тежок 220 тони, вечерва беше подигнат и поставен, а по инсталирање на елементот, кинеските работници го заварија, јавија хрватските медиуми. Премиерот Андреј Пленковиќ објави на Твитер дека „Хрватската територија вечерва станува единствена. Мостот Пељешац ја поврзува Хрватска. Горди сме и ви благодариме на сите“. Историскиот спој на последниот дел […]

Бугарија не дозволи влез на осуммина шпански државјани поради ковид мерки


Бугарија– Бугарската гранична полиција денеска не дозволи влез на осуммина шпански државјани во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие пристигнаа денеска на аеродромот во Софија, но не им беше дозволено да влезат во Бугарија, бидејќи Шпанија е во „црвената“ ковид зона. Тројца од осумте шпански државјани ќе бидат вратени во Шпанија. Шпанските […]

Кризниот штаб на Србија воведе трета доза вакцина


На Седницата на Кризниот штаб на Србија денеска е одлучено одредени категории граѓани да примат трета доза од вакцината против корона вирусот, шест месеци по втората. Пред медиумите се обрати Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, која појасни дека луѓето со имунодефициентни состојби треба да примат трета доза вакцина, шест месеци по втората, затоа што должината на имунитетот […]

Бугарската Влада ја продолжи вонредната епидемиолошка ситуација до крајот на август


Привремената бугарска Влада денеска одлучи да го продолжи рокот на вонредната епидемиолошка состојба во земјата, од 1 до 31 август 2021 година, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарија се наоѓа на седмото место во светот според смртност од Ковид-19 и е 67-ма по 14-дневна смртност. Во возрасната класификација на случаите меѓу населението се забележива […]

Мнозинството Срби го поддржуваат членството во ЕУ


Мнозинството српски граѓани се за влез во ЕУ и сметаат дека тоа е водечки донатор и трговски и инвестициски партнер, покажува анкетата за јавното мислење, спроведена од „Нинамедија“ за Делегацијата на ЕУ во Србија. Анкетата покажува дека 54% од испитаниците го поддржуваат пристапувањето на Србија во ЕУ, додека една третина се противат на тоа, наведе […]

Огромен шумски пожар кај Анталија, евакуација во тек, хотелите немаат струја и вода


Во близина на Анталија, кај местото Сиде, во Турција, околу 12 часот по наше време изби огромен шумски пожар. Поради блзината на туристичките места и Сиде, со бројни хотели на брегот, тие немаат струја и вода. #Türkiye: A huge forest fire broke out in #Antalya, Turkey. 15 helicopters are deployed. pic.twitter.com/0OftEWvTHV — Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) […]

Во Врање повеќе се вакцинираат македонски отколку српски државјани


Во Врање продолжува трендот македонските државјани повеќе да се вакцинираат против Ковид-19 од граѓаните на Врање, јави дописникот на МИА од Белград. Според податоците на Здравствениот центар (ЗЦ) од Врање, вчера во овој град во јужна Србија се аплицирани вкупно 213 вакцини, од кои прва доза примиле 70 македонски граѓани, за разлика од 38 српски. […]

Србија се соочува со петтиот бран, велат епидемиолозите


Познатиот српски епидемиолог Зоран Радовановиќ и имунологот Драган Делиќ сметаат дека Србија неминовно ќе се соочи и со петтиобр н од корона вирусот, но добрата работа е што голем дел од населението е имунизиран. Иако, предупредија двајцата во гостувањето на телевизијата Н1 не е задоволително нивото на покриеноста со вакцината. Радовановиќ предупредува дека „евидентно е […]

Повторно земјотрес кај Петриња


Нов земјотрес е забележан во близина на Петриња, Хрватска. Според ЕМСЦ, тоа било на 9 километри југозападно од Сисак, а магнитудата била 2,9 степени по Рихтер. Земјотресот се случил во 9.03 часот, а бил почувствуван во областа Петриња и Сисак, пренесува „Вечерњи лист“. „Се слушна татнеж и потрес во рок од неколку секунди“, напиша еден […]

Во Албанија 21 случај со делта сојот, од нив шест вакцинирани


Во Албанија потврдени се 21 случај заразени со делта сојот, од нив осум се „увезени“, додека остатите се семејни кластери, изјави Силва Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија, при Институтот за јано здравје и член на комитетот за справување со пандемијата со Ковид-19.   -По два случаи се донесени во земјава од Велика Британија и Германија, […]

Во Црна Гора од петок нови мерки против Ковид-19, се воведува и дигитална Ковид-потврда


Црна Гора – Црна Гора ќе добие Национален сертификат за дигитален Ковид  што би бил во употреба од петок, 30 јули, кога се очекува црногорската влада да објави коригирани мерки во борбата против коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Подгорица. Министерството потсетува дека е најавено дека само оние кои исполнуваат одредени услови ќе можат да посетуваат […]

Аца Лукас и други естрадни ѕвезди во одбрана на угледот на Александар Вучиќ


Петицијата за „одбрана на угледот“ на српскиот претседател Александар Вучиќ по обвинувањата од исказот на водачот на навивачко-криминалната група Вељко Беливук дека соработувал со претставници на владата и со самиот Вучиќ, прерасна од првичните сто потписници на над 450 имиња, претежно партиски фигури, претставници на јавни претпријатија и луѓе од естрадата. Петицијата е иницирана од […]

Претставниците на Република Српска од утре не учествуваат во работата на институциите на БиХ


Ситуацијата во Босна и Херцеговина се влошува по одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница, Валентин Инцко, да се усвои закон со кој се забранува негирањето на геноцид. По состанокот на лидерите на партиите од Република Српска, што се одржа по повод законот донесен од Инцко претседателот на Собранието на Република Српска Недељко Чубриловиќ им […]

Авионот со кој се превезувал турскиот министер за одбрана принудно слета откако удрил во птица


Авион со кој се превезувал турскиот министер за одбрана и други високи воени претставници денеска принудно слета откако удри во птица. Авион на турското воено воздухопловство ги превезуваше министерот за одбрана Хулуси Акар, началникот на ГШ Јашар Гулер и командантот на копнените сили Умит Дундар, кои се враќаа во Анкара по посетата на воената база […]

Болтон: Без разговори за територијални корекции, нема да има напредок во преговорите меѓу Белград и Приштина


Американскиот дипломат и поранешен советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, во интервју за Косово онлајн изјави дека „се уште не знаеме каков е ставот на администрацијата на Џо Бајден кон Балканот“, но, исто така, и дека „доколку Албин Курти не е заинтересиран за договорот од Вашингтон, тогаш тој договор е мртов“, јави […]

Србија: До крајот од годината сите полнолетни граѓани ќе добијат уште 50 евра, пензионерите 100 евра


Сите полнолетните граѓани во Србија ќе добијат дополнителни 20 евра во декември, што значи дека пензионерите ќе добијат вкупно уште 100 евра до крајот на годината, а другите полнолетни граѓани по 50 евра, најави министерот за финансии Синиша Мали на својот Инстаграм профил. -Пензионерите во септември ќе добијат 50 евра, потоа 30 евра во ноември, […]

Грција се подготвува за екстремни жештини до 44 степени Целзиусови


  Грција се подготвува за екстремен топлински бран со температури кои би требало да растат до 44 степени Целзиусови во наредните денови, јавува ДПА. Грчката метеоролошка служба и Националната цивилна заштита издадоа предупредување денеска, а се очекува жештините да траат до 8 август, што е невообичаено долг период. Од утре натаму се очекува во текот […]

Европол открива: Коњско месо со декларација за телешко влегло во Хрватска?


Коњско месо со декларација за телешко месо влегло во Хрватска. Тоа беше објавено од Европол, кој работи веќе шест месеци на истражување на трговијата со фалсификувани прехранбени производи. Но, хрватските институции не знаат ништо за тоа, пренесеува регионалниот деловен портал SEEbiz.eu. Коњско месо се продавало како телешко и преку Интернет. Ова го откри Европол, агенција […]