Фон дер Лајен попладнево пристигнува во Белград


Фото: Б. Грданоски

Србија– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен попладнево пристигнува во Белград, каде ќе оствари средба со претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од прес-службата на српската Влада, таа утре сабајле ќе има средба и со премиерката Ана Брнабиќ.

Вучиќ и Фон дер Лајен утре ќе присуствуваат на церемонијата по повод почетокот на работите за модернизација и рехабилитација на пругата Ниш-Брестовац на Меѓународниот железнички коридор 10, соопштија од прес-службата на срспкиот претседател.

– По тој повод, претседателот Вучиќ и претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ќе присуствуваат на потпишување на Договорот помеѓу јавните претпријатија Коридори Србија и Конзорциумот STRABAG AG и STRABAG d.o.o. Белград за изградба на првата фаза од „Автопатот на мирот“ на делницата Мерошина – Мерошина 1 (Ниш-Приштина), соопштија од прес-службата на Вучиќ, договор кој ќе биде потпишан во железничката станица Доње Меџурово во близина на Ниш.