Романија со апсолутен рекорд на нови случаи од Ковид-19, во Бугарија 149 починати
Бројките на заразени и починати кај соседите драматично се зголемуваат. Бугарија во последните 24 часа забележа 149 починати, а Роминја регистрираше најголема бројка новозаболени во еден ден од почетокот на пандемијата – 11.049 случаи. Претходно, највисокиот број беше во ноември 2020 – 10.629 случаи.
Во Романија починаа 208 лица. Хоспитализирани се 11.431 чице, од кои 1.227 во одделенијата за интензивна нега. Романските медиуми пишуваат дека има само 26 слободни легла на интезнивна нега. Досега во Романија починаа 36.658 души.
Во Бугарија се регистрирани 2.536 новозаболени, а во болниците се сместени 5.048 лица (од нив 432 на интензивна нега). Со последните 149 смртни случаи бројката на починати во Бугарија изнесува 20.638 лица.