Напаѓачот во Загреб е 22-годишно момче, остави порака на Фејбук


Нападот на зградата на институциите на Република Хрватска во Загреб, при што е тешко ранет полицаец го изврши 22-годишно момче, кое кусо по пукањето изврши самоубисто, јавија хрватските медиуми..

Се работи за Даниел Безук.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни на работи на Хрватска, напаѓаот не ѝ бил познат на полицијата од порано.

„Можен сторител наобидот за тешко убисто на 31-годишен полициски службеник утрово на плоштадот „Св. Марко“ и воедно лице кое извржи самоубиство на подрачјето на Јбуковац, според досега утврдените информации е 22-годишен државјанин на Хрватска. Лицето не е од порано познато на полициските службеници“, објави Министерството.

Порталот Индекс.хр пишува дека се работи за Даниел Безук, момче од Кутина, место недалеку од Сисак, кој потекнува од бранителско семејство.

Откако Безук пукал во полицаецот, оставил порака на Фејсбук.

„Доста беа измами и безобзирно газење на човековите вредности без одговорност“, напишал тој на Фејсбук.

Наводно, врз полицаецот пукал од клашников кој го зел од татко му, поранешен бранител.