Србија со 67 новозаразени, две лица починаа


 

Во Србија во последното деноноќие регистрирани се нови 67 случаи со корона вирус. Двајца пациенти починаа.

Тестирани се 5.263 примероци.

Во болница се лекуваат 326 пациенти, а 20 се на респиратор.

Досега во Србија се направени 1.199.799 тестови, а вкупно се потврдени 34.854 заразени.