Во Албанија за два дена откриени 150, а од почетокот на гoдинава 8.500 мигранти


На територијата на Албанија од почетокот на годинава откриени се над 8.500 илегални мигранти главно државјани на Сирија, потоа од Авганистан и од Мароко.

Нивна цел била само транзит да минат низ оваа земја и да го продолжат патот кон некоја од западно европските земји.

Од вкупнот број откриени мигранти 2.500 побарале азил во Албанија, но нема нформација колку од нив добиле статус на азилант.

Бранот мигранти понтензивно почна по олеснувањето на мерките воведени поради пандемијата со Ковид-19 односно од крајот на мај.

Мигрантите влегуваат легално преку грчко-албанската граница, а сега главно се транспортираат до албанско – косовската граница. Шверцерите на мигранти ја зголемиле и цената за транспорт од 100 на 500 евра по лице.

Полицијата информираше дека само во последните два дена во три одделени акции окриени се околу 150 мигранти,меѓу нив и жени и деца. Уапсени се повеќе лица под обвинение„недозволена трговија со луѓе“.