(Фото/Видео)Снегот направи проблеми во Словенија


Влажен снег, дожд и ветар предизвикаа големи проблеми во текот на ноќта во повисоките делови од северните региони на Словенија, како во Корушка.

Заради тоа, сопрен е локалниот сообраќај, вели Бранко Градишник, шеф на Планинарската служба.

На некои места невремето било толку силно што туркало дрвја, пренесува СТА, а некои патишта и понатаму се затоврени за сообраќај.

Снегот оштетувал дрјва, а најголема штета има во долината Горна Межица, каде наврнал најмногу снег.

Едно дрво паднало на автомобил, но никој не е повреден. Паднати се и неколку бандери, па некои места се без струја.

Пожарникарите и останатите служби морале да интервенираат ширум Словенија поради силниот снег во неделата, а неколку згради се пополавени.

Дошло и до ерозија на теренот, а на некои куќи им се заканува затрупување.