Кривокапиќ: Црна Гора ќе добие нова влада до 10 или 11 ноември


Мандатарот за црногорски премиер Здравко Кривокапиќ денеска најави дека новата влада ќе се формира до 10. или 11 ноември.

– Немаме многу време и треба да добиеме нова влада до 10-ти или 11-ти за да се справиме со многу проблеми, изјави Кривокапиќ за ТВ Прва.

Тој повтори дека ќе има експерти на клучни позиции во владата, како и некои политичари.

– Во нашето опкружување е невозможно владата да биде целосно експертска, но политичарите кои влегуваат во владата ќе треба да покажат стручност во ресорите што ги водат, рече Кривокапиќ.