Во Хрватска од Ковид-19 починаа 70 луѓе


  Во последните 24 часа во Хрватска забележание се 2.233 нови случаи на зараза со корона вирусот, а активни се 15.323. Меѓу нив 2.749 пациенти се на болничко лекување, од нив 292 на респиратор. Починаа уште 70 пациенти. До денеска во Хрватска забележани се вкупно 202.319 заразени, од кои 3.464 починаа, а оздравеа 183.532. Вкупно …

Во Хрватска од Ковид-19 починаа 70 луѓе Read More »

Брнабиќ: Ова е почеток на крајот на корона вирусот


„Денес е дефинитивно ден за насмевка. Конечно по 6 март, можеби за прв пат сега имаме причина да се насмееме. Ова претставува почеток на крајот на коронавирусот“, изјави премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека чувствува потреба да биде прва во Србија за да покаже со својот пример дека верува во вакцината и институциите. Како што …

Брнабиќ: Ова е почеток на крајот на корона вирусот Read More »

Лавров ја врати иконата што му ја подари Додик


Руските власти и предадоа на aмбасадата на Босна и Херцеговина во Москва икона подарена од претседавачот со претседателството на БиХ, Милорад Додик, до рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по што беа отворени низа прашања за нејзиното потекло, објавија денеска медиумите во БиХ. Амбасадорот на БиХ во Русија, Жељко Самаџија рече дека враќањето на …

Лавров ја врати иконата што му ја подари Додик Read More »

Вакцинацијата во Словенија почнува в недела во домовите за стари и изнемоштени лица


Вакцинацијата против Ковид-19 во Словенија треба да почне в недела во домовите за стари и изнемоштени лица, изјави министерот за труд Јанез Циглер Краљ. Владиниот портпарол Јелко Кацин тврди дека во првата фаза на вакцинирање ќе има доволно дози за сите штитеници од домовите за стари и изнемоштени лица, кои досега не биле заразени, јави …

Вакцинацијата во Словенија почнува в недела во домовите за стари и изнемоштени лица Read More »

Албански пратеник под истрага, внуците биле „мозок“ на  шверцот со кокаин


По широката операција под кодно име „Атос“, во која, покрај албанската полиција, биле вклучени и германската и белгиската полиција, во која се уапсени шест албански државјани, истрагите веќе ги презеде Специјалното обвинителство во Албанија,СПАК, јави Топ чанел телевизија. Меѓу упасените се и Фиоралб(24) и Рамазан(27) Раја, внуци на пратеникот од владејачката Социјалистистичка партија, Рахман Раја, …

Албански пратеник под истрага, внуците биле „мозок“ на  шверцот со кокаин Read More »

Во БиХ регистрирани 674 новозаразени, од Ковид-19 починаа 41


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 674 нови случаи со кроона вирус, а починаа 41 пациент. Тестирани се 3.063 лица. Од нив, во Федерацијата се тестирани 2.033 примероци, од кои 433 биле позитивни Досега тестирани се 327.397 примероци, а Ковид-19 имале 69.463 лица. Излечени се 50.152, а активни уште 17.235 …

Во БиХ регистрирани 674 новозаразени, од Ковид-19 починаа 41 Read More »

Земјотрес од 4.5 степени во Грција


 Земјотрес со јачина од 4.5 степени беше регистриран на 15 километри источно од грчкиот град Нафпактос според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија. Земјотресот беше кусо пред 17 часот по локално време, а нема информации за повредени или причинета материјална штета.

Во Србија утре почнува вакцинацијата, денеска нови 4.426 заболени, 51 починати


Според последните инфромации во Србија во последното деноноќие регистрирани се 4.426 новозаразени со корона вирусот, а починаа 51 пациент. Во последните 24 часа тестирани се 16.617 примероци, а вкупно досега 2.188.004. На респиратори се 309 пациенти, а во болница вкупно се лекуваат 9.672 ковид пациенти. Досега од Ковид-19 починале 2.833, а стапката на смртност е …

Во Србија утре почнува вакцинацијата, денеска нови 4.426 заболени, 51 починати Read More »

Турција го осуди познатиот новинар Џан Дундар на 27 години затвор


Пресудата му е изречена во отстуство, затоа што Дундар веќе неколку години е во германија. Адвокатите велат дека преудата за поранешниот главен уредник на „Џумхуриет“ е политички мотивирана   Познат турски новинар е осуден во отсуство на повеќе од 27 години затвор под обвинение поврзано со тероризам, што неговиот правен тим го опиша како политички …

Турција го осуди познатиот новинар Џан Дундар на 27 години затвор Read More »

Пленковиќ: По можност да се вакцинираат сите граѓани


 Успехот на Планот за имунизација против корона вирусот зависи од тоа колку луѓе ќе сакаат да ја примат вакцината, рече денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и истакна дека целта е вакцината да ја примат што повеќе граѓани, а по можност сите. На прес-конференција по владината седница на која беше усвоен Планот за имунизација, Пленковиќ рече …

Пленковиќ: По можност да се вакцинираат сите граѓани Read More »

Во Хрватска уште 2.763 новозаразени, починаа 66 пациенти


Во последните 24 часа забелеажни се 2.763 нови случаи на заболени со корона вирус, а бројот на актвини во Хрватска изнесува 15.957. Од нив, 2.843 пациенти се лекуваат во болница, а 291 пациент се на респирато. Починаа 66 лица, односно од почетокот на епидемијата досега од Ковид-19 во Хрватска починаа 3.394 пациенти. Досега во Хрватска …

Во Хрватска уште 2.763 новозаразени, починаа 66 пациенти Read More »

Бугарија дозволи летови од Велика Британија


 Од 10 часот претпладнево Бугарија дозволи летови од Велика Британија за да им помогне на Бугарите кои сакаат да се вратат дома, се наведува во соопштението од бугарската Влада. Британските медиуми јавуваат дека патниците кои ќе пристигнат од Велика Британија ќе бидат тестирани за присуство на коронавирус и по влезот во земјата ќе мора да …

Бугарија дозволи летови од Велика Британија Read More »

Од утре почнува вакцинацијата против коронавирусот во Србија


„Вакцинацијата против коронавирусот почнува утре во домовите за стари лица. Тие се најзагрозената категорија, па затоа почнуваме со нив“ , изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, и додаде дека вакцината е спас за човештвото. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ кажа и да некој од државниот врв ќе ја прими вакцината, без …

Од утре почнува вакцинацијата против коронавирусот во Србија Read More »

Од Грција за Франција заминаа 106 бегалци


Во присуство на францускиот амбасадор во Атина Патрик Мезонав и алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, 106 баратели на азил од Грција заминаа за Франција, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја соопштија од амбасадата на Франција во Атина преку нивниот Твитер профил, но ја потврди и Кумуцакос во интервјуто …

Од Грција за Франција заминаа 106 бегалци Read More »

Во Србија повторно повеќе од 4.000 новозаболени, починаа 49


  Според последните информации, во соседна Србија денеска има 4.080 новозаразени, а починаа 49 пациенти. Во последните 24 часа тестирани се 16.022 лица, а вкупно 2.171.387 луѓе од почетокот на епидемијата. Во болница се лекуваат 9.651 лица, а 313 се на респиратор. Стапката на смртност е 0,90 отсто. Денеска на белградскиот аеродром беше преземена првата …

Во Србија повторно повеќе од 4.000 новозаболени, починаа 49 Read More »

Турција откри големо наоѓалиште на злато


Турција– Турција откри големо наоѓалиште на злато со околу 3,5 милиони унци (99 тони) на благородниот метал, проценет на околу шест милијарди долари, објави денеска државната новинска агенција Анадолија. Откритието во близина на западниот град Согут го објави Фахретин Појраз, кој е на чело на Земјоделските кредитни задруги на Турција и фирмата за производство на …

Турција откри големо наоѓалиште на злато Read More »

Во Босна и Херцеговина паѓа бројот на новозаразени, но смртноста е висока


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 3.399 примероци, од кои 674 се позитивни на корона вирусот. Починаа дури 86 заразени со вирусот. Во Федерацијата пријавени се 2.641 примерок, од кои 463 се позитивни на вирусот. Досега тестирани се 325.364 примероци, а корона вирусот е потврден кај 69.030 лица. До денеска, …

Во Босна и Херцеговина паѓа бројот на новозаразени, но смртноста е висока Read More »

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 71 пациент


Во последните 24 часа регистрирани се 1.595 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 15.115. Меѓу нив, 2.895 пациенти се во болница, од кои 294 се на апарати за дишење, а починаа 71 лице. Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција …

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 71 пациент Read More »

Србија ги доби првите 4.875 дози вакцини од „Фајзер“, вакцинацијата почнува наредната недела


Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, денес изјави дека првата вакцинација против коронавирусот ќе биде во текот на следната недела, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓерлек кажа дека Националниот координативен тим за имунизација против Ковид19 ја одржал првата седница на кој тој е претседател, на која се разгледувала подготовката на оперативниот план …

Србија ги доби првите 4.875 дози вакцини од „Фајзер“, вакцинацијата почнува наредната недела Read More »

Додик позитивен на коронавирус, во стабилна состојба


Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик е позитивен на коронавирусот, соопшти Универзитетскиот клинички центар на Република Српска (УКЦ РС). Како што е наведено, конзилиум лекари се состана во УКЦ РС и ја разгледа здравствената состојба на Додик. Констатирано е дека има потешкотии со дишењето и болки во желудникот. Дијагностицирана е пневмонија, а третиот …

Додик позитивен на коронавирус, во стабилна состојба Read More »