Во Хрватска уште 2.763 новозаразени, починаа 66 пациенти


Во последните 24 часа забелеажни се 2.763 нови случаи на заболени со корона вирус, а бројот на актвини во Хрватска изнесува 15.957.

Од нив, 2.843 пациенти се лекуваат во болница, а 291 пациент се на респирато.

Починаа 66 лица, односно од почетокот на епидемијата досега од Ковид-19 во Хрватска починаа 3.394 пациенти.

Досега во Хрватска заразени беа 200.086, оздравеа 180.735, а во самоизолација се 47.482 лица.

До денеска вкупно тестирани се 974.507 лица, а 10.194 во последните 24 часа.