Во Србија повторно повеќе од 4.000 новозаболени, починаа 49


 

Според последните информации, во соседна Србија денеска има 4.080 новозаразени, а починаа 49 пациенти.

Во последните 24 часа тестирани се 16.022 лица, а вкупно 2.171.387 луѓе од почетокот на епидемијата.

Во болница се лекуваат 9.651 лица, а 313 се на респиратор.

Стапката на смртност е 0,90 отсто.

Денеска на белградскиот аеродром беше преземена првата пратка од вакцините на „Фајзер“, против корона вируспт.

Исто така, учениците во цела Србија од петокот се назимски распуст, а дали ќе се вратат на настава на 18 јануари, како што е предвидено, зависи од епидемиолошката состојба.